PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Дигиталната технологија го менува човекот

popup by popup
март 26, 2019
in Universes
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Јавната инсталација „The Way Of The Modern Man“ од Џејна Крудер е, всушност, уметничка опсервација, во која секој учесник поминува околу 30 минути во интимен разговор со неа. Испитаниците се сами во затворен простор, со еден стол и со мобилен телефон. Комуникацијата се одвива исклучиво текстуално, без притоа да ја слушнат или да ја видат уметницата. Разговорите се регистрираат на неколку нивоа – текстуално, со слика или видео. Нивната облека е целосно или речиси отстранета, но не со цел да се прикаже ранливоста на субјектите, туку да се истражи положбата и поставеноста на ’рбетот. Луѓето брзо забораваат дека се голи. Крудер соработувала и со социолог и психолог за да направи прашања што ќе ѝ овозможат да го контролира текот на разговорот, усвојувајќи научен пристап и методологија за да ги измери емоциите наспроти телесните дејства.

„Во нашата ултрабрза хиперреалност на инстантна комуникација, ние повеќе не комуницираме така како што се чувствуваме“, вели таа.

Крудер бара вклучување од публиката за таа и другите да го набљудуваат човечкото тело, однесувањето и промените во положбата што се случуваат додека пишуваме на мобилен.

„Одлучив луѓето да се соблекуваат до онаа точка до која им е удобно да бидат расоблечени. Најдобро е да бидат целосно голи за да можам подобро да им го набљудувам ’рбетот и да ги видам нијансите на телесната комуникација и јазикот. Бев изненадена колку брзо луѓето стануваа интимни со мене. Исто така, беше многу интересно да се види како публиката дигитално го консумира делото, бидејќи самата инсталација се однесува на дигиталната култура.“

Kрудер останува зад сцената за време на размената на пораки, а посетителите можат да ја прочитаат целата конверзација на голем екран. Текстот треба да ѝ даде увид на публиката за чувствата на учесниците.

„Разговорот е еден вид интимен танц. Ги прашував многу длабински прашања за стравот или за болката, а потоа ќе поставев полесно прашање или ќе внесев хумор во разговорот. Сакав да одат што подлабоко во своите емоционални битија и тоа да го споделат со мене. Некои полесно влегуваа во своите емоции, и преку јазикот на телото забележав дека поголемиот дел од нив не даваа телесен одговор кога ги прашував длабински прашања.“

Голем дел од проектот на Крудер не се однесува само на промените што ги искусуваме, туку и на потребата да си ја вратиме свесноста.

„Тие знаат дека ги набљудувам, па додаваат насмеани емотикони дури и на најтажните приказни. Ги гледам како пишуваат со мене додека стојат и забележувам дисконекција помеѓу приказните, телата и јазикот – бидејќи она што го велат, не е она што го чувствуваат. Мојата цел е да прикажам како феноменот на паметни телефони – на социјално и на физиолошко ниво – го менува тоа што значи да се биде човек.“

Previous Post

LD Pistolero го промовираше „Далеку“ (галерија)

Next Post

Вака е на Thursday Shake во Епицентар (галерија)

Next Post

Вака е на Thursday Shake во Епицентар (галерија)

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum