PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„Климакс“ на Ное: Внимавајте, ставаат дрога во пијачките

popup by popup
април 24, 2019
in Филм
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Филмовите на францускиот режисер со аргентинско потекло Гаспар Ное се чекаат со неверојатен интерес поради контроверзноста по која се паметат. Со секој нов филм, како да сака да поместува граници на издржливост на публиката во киносалите.

Најновиот негов филм „Климакс“ (Climax) премиерно беше прикажан на Канскиот фестивал во 2018 година. Скопската публика имаше можност да го види на овогодишниот Скопски филмски фестивал.

Знаејќи дека филмовите на Ное („Love“, „Enter The Void“, „Irreversible“, „I Stand Alone“) се екстремни и неретко предизвикуваат мачнина, публиката како по правило оди со очекувања дека филмот ќе биде деликатен и можеби непријатен.

Одам со предзнаење дека „Климакс“ е за една танчарска група, која на забава пие сангрија, во која претходно некој ставил ЛСД.

Филмот почнува со белина – снег, девојка се тетерави, паѓа и испушта крикови. Ефектна сцена снимена со горен ракурс. Потоа оди долга одјавна шпица. Чудењето започнува. Следуваат кратки претставувања на танчари на аудиција. Зборуваат за магијата на танцувањето, слободата на изразување, телото како медиум, поривот за играње, поддршка од блиските, прифатеност од околината, што се спремни да направат за да играат, какви се нивните искуства со наркотици…

Следува маестрално музичко интро, фантастична кореографија и игра. Можеби најдобрата денс-сцена што сум ја видела на филм, снимена во еден кадар.

Најава дека филмот е снимен според вистинска случка од 1996 година. По тридневни проби, подготовки за турнеја низ Америка, танчарска група сместена во напуштено училиште прави забава.

Музика, разговори, играње. Се запознаваме со танчарите, нивните сексуални фантазии и минато искуство. Сѐ е обично како на добра журка.

По педесетина минути оди најавна шпица. Како да сака Ное да ни каже: сега почнува драмата. И навистина, тогаш е резот.

Сангријата што ја пијат танчарите на забавата почнува да делува чудно. Танчарите се вознемирени, чувствуваат мачнина и необично дејство на пијалакот. Се обвинуваат меѓусебно и прашуваат кој подметнал дрога во сангријата.

Педесетминутно „возење“ во скриени страсти, стравови, мисли, желби, интриги. Снимено во еден здив, камера што одлично лови и ја држи тензијата кај гледачот. Мајсторот зад камерата е Benoit Debie.

Можеби се добива впечаток дека филмот може да се раскаже во два збора, но ништо не е откриено додека не го погледнете.

Гаспар Ное филмот го напишал, го снимил и го монтирал за 4 месеци, брзајќи да го запази рокот за пријава на Канскиот фестивал. Се има впечаток дека не интервенирал во изразувањето на танчарите. Секој го игра сопственото лудило, а тој едноставно уживал во нивната експресија.

Во филмот има одличен избор на музика: Gary Numan, Cerrone, Lil Louis, Daft Punk, Aphex Twin, Soft Cell, The Rolling Stones… која во целата, непријатна за гледање, атмосфера, те тера да си цупкаш со нога.

Напнатост и мачнина има и во овој филм на Гаспар Ное, но се прашуваш и одобруваш, што е филмот ако не магија да ти разбуричка по утробата, да те натера да размислуваш, да те разнежни или згрози, да ти долови моменти за кои можеби не си ни свесен дека постојат.

Ова е филм по кој имаш едно искуство повеќе, како да си бил на ЛСД и на журка што те „извозела“ за сите пари.

За целосно доживување на филмот „Климакс“, препорака е да се гледа во кино, каде што не можеш да кликнеш пауза, не те вознемирува мобилен и не треба да одговараш на пораки.

Интересни се лицата на луѓето во киносалата кога се палат светлата. Конечно филм за „внимавајте, ставаат дрога во пијачките“ 🙂

 

Илинка Делчева

Previous Post

Лонац: Уличната уметност е искрена

Next Post

PopUp Music журки за продолжениот викенд

Next Post

PopUp Music журки за продолжениот викенд

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum