Овој јуни, петоците после работа ќе изгледаат многу поинаку. Ќе имаат супер вкус и одличен звук 😊 „Петок после работа“ како серија од настани што во својот концепт вклучуваат готвење, музика и пиво по специјална цена, официјално започнуваат на 7 јуни, а ќе се одржат и на 13, 21 и 28 јуни во Јавна Соба (Public Room). Идејата е многу едноставна – во опуштената атмосфера на едно од нашите омилени градски места, овие настани треба да внесат свежина и релаксираност после напорната работна недела, во период кога сите чекаме да ни дојде годишниот одмор за да ги наполниме critically low батериите. На првата забава овој петок, за музиката ќе биде задолжен одличниот Dj Nino Flooder, а белгискиот готвач Марк Де Јонг ќе прави бургери на скара. Се гледаме во петок во Јавна Соба, на опуштен афтер со одлична музика, незаборавен вкус и се разбира, добро пиво! Повеќе информации на линкот до настанот на Фејсбук! 😊