Не е првпат брендот Златен Даб да им ја подари целата своја доверба на младите македонски уметници. Минатата година препознатливата зелена лименка доби три уникатни дизајни од Владимир Лукаш, Таби Азири и Ана Јовановска. Ваквиот потег наиде на одличен прием во уметничката заедница, но и меѓу почитувачите на брендот, бидејќи испрати силна порака дека и еден целосно изграден, широкоприфатен и комплетен бренд од типот на Златен Даб, може да ја искористи својата популарност во полза на културата и уметноста. Редизајнирањето на лименките Златен Даб продолжи и годинава. Меѓу трите имиња задолжени да му дадат ново руво на познатото македонско пиво, се најде и нашата млада академска сликарка Надја Петровиќ. Токму интересниот и уникатен нов дизајн на лименката што го направи таа, ни ги отвори вратите на нејзиниот уметнички свет.
Велиш дека твојата уметност е дериват на истражувањата што паралелно ги правиш во антропологијата и психологијата. Можеш ли да ни го објасниш тој процес?
Антропологија е холистичка наука поради две причини: таа се занимава со човечкото битие само по себе во различни периоди од неговиот развој, како и со различните димензии на она што нè прави луѓе сите нас. Во моите дела често ќе наидете на симболи, знаци и натписи што даваат акцент на меѓукултурните споредби. Секако психологијата е тесно поврзана со антропологијата. Во план е наскоро да го објавам целосното истражување, кое ќе им овозможи на љубителите на уметноста да го сфатат процесот на креирање.
Како го доживеа брендот Златен Даб како поттик за креирање дизајн?
Златен Даб е бренд што е висококвалитетен и има одлична цел да ја разбуди уметноста кај сите оние што ќе се запрашаат за тоа. Се разбира, Златен Даб се грижи за развојот на уметноста и културата како што тоа го прават и многу други светски компании што се глобален бренд или лидери на едно одредено географско подрачје и имаат многу јасна цел – да ја шират уметноста и културата.
Опиши ја со три збора (сега веќе) твојата лименка Златен Даб?
Уникатна, храбра приказна.
Зад тебе веќе стои големо артистичко искуство поткрепено со многубројни меѓународни признанија. Што би им порачала на младите луѓе што допрва ќе влезат во уметничките води?
Уметноста е многу рaзлична, има многу различни пристапи.
Младите треба да бидат спремни каде сакаат да се движат. Дали кон уметност, наука (кој е многу тежок пат и треба да бидат спремни на тоа) или декор – правец во уметноста што ни го нуди оваа географска положба и долгогодишната вековна традиција на ова поднебје.
Пред какви предизвици на полето на уметноста е исправена Надја во моментов?
Многугодишните студии во Италија, дипломски, постдипломски студии, една година на маркетинг и менаџмент во уметноста и работа во една од најдобрите галерии во Италија ми овозможија да ги отворам вратите таму и да имам доста изложувања низ Италија, потоа да бидам прифатена и во Лондон, Њујорк, Сан Диего, Виена. Сега подготвувам ја подготвувам наредната изложба во Њујорк. Во моментов најголем предизвик ми е Кина и високата уметност што се развива таму во последната декада.