PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Jадењата од најпознатите светски книжевни дела

popup by popup
септември 12, 2019
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Дајна Фрајд ја започнала книгата „Фиктивни јадења“ како серија од пет фотографии во своите студентски денови на Универзитетот за дизајн во Род Ајленд. Постепено комплетирала цела книга која сега претставува извонреден асортиман на фотографски интерпретации на кулинарските моменти од современата и класичната литература.

Претставувајќи ги познатите оброци, вклучително и лудата чајанка од „Алиса од земјата на чудата“, водената каша од „Оливер Твист“, раскошниот пилешки појадок од „Да се убие птицата подбивница“, одвратната салата со авокадо и ракчиња од „Стакленото ѕвоно“ и заводливите колачиња од „Исправки“, овој уникатен збир го прикажува секој сетинг во спој со текстот од книгата што го инспирирал неговото создавање. Оваа шармантна книга е надополнета со интересни факти за храната и забавни анегдоти за писателите и нивните дела, како и за нивните кулинарски афинитети. Сè на сè, одлична закуска за апетитот на книжевните сладокусци и вистинските гурмани 😊

„Алиса во земјата на чудата“ – Луис Карол

„Една љубов на Сван“ – Марсел Пруст

„На пат“ – Џек Керуак

„Оливер Твист“ – Чарлс Дикенс

„Да се убие птицата подбивница“ – Харпер Ли

„Тајната градина“ – Френсис Хоџсон Барнет

„Метаморфоза“ – Франц Кафка

„Големиот Гетсби“ – Френсис Скот Фицџералд

„Девојката со тетоважа на змеј“ – Стиг Ларсон

„Игра во ‘ржта“ – Џ. Д. Селинџер

„Стакленото ѕвоно“ – Силвија Плат

„Моби Дик или китот“ – Херман Мелвил

„Хајди“ – Јохана Шпири

„Конфедерација на дибеци“ – Џон Кенеди Тул

„Страв и гадење во Лас Вегас“ – Хантер С. Томпсон
Previous Post

Tони Зен и ФЛЕКА во Хавана (галерија)

Next Post

Интервју со ирскиот режисер Џим Шеридан

Next Post

Интервју со ирскиот режисер Џим Шеридан

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum