PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Избор од филмови за Њу Ордер, Антон Корбејн и џез вечер на шестото издание на Синема Сити

popup by popup
септември 14, 2020
in Настани
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Овој викенд премиерно ќе бидат прикажани 4 филмови кои се тематски поделени во 2 дела.
Фестивалот е поделен во два блока: едниот дводневен блок ќе започне на 19 и 20 септември и во него ќе бидат прикажани 4 филмови, а другиот дводневен блок ќе се одвива на 2 и 3 октомври и ќе прикаже 6 филмови.
Фестивалот ќе се отвори со филмот „Декади“ на режисерот Мајк Кристи за бендот Њу Ордер кои се артисти во фокус на фестивалот. Филмот е приказ на нивниот проект со Манчестерскиот интернационален Фестивал каде се случуваат уметнички инсталации и проекти и филмот е истовремено полуконцертен и полудокументарен филм за оваа соработка и серија настапи по европските градови.

Секое издание на Скопје Синема Сити го отвора филм за одреден артист, на кого му се посветува изданието и му се доделува Награда за животно дело за заслуги за музиката и филмот. Оваа година тоа се Њу Ордер, на кои Фестивалот им ја испрати наградата во Манчестер. За потсетување, Фестивалот ги има наградено со истата награда Дејвид Боуви (2015), Леонард Коен (2016), Руичи Сакамото (2018), Филип Глас (2019) и Влатко Стефановски (2019).

Организаторите на фестивалот велат: Оваа награда ја изразува нашата почит за музиката на бендот, која практично претставува саундтрак на нашите животи и е нераздвоен дел од современата култура. Нивните песни се совршен спој од срце и душа, исполнети со музички иновации и смело експериментирање. Како резултат на тоа, нивната музика обележала повеќе музички сцени што се појавиле почнувајќи од ’80-тите до денес. Тоа ги прави да се достојни на нашата восхит и почест.

Истата вечер, ќе биде прикажан филмот „Изнесено на виделина“ за познатиот уметнички фотограф и режисер Антон Корбејн. Филмот е биографски и го следи како соработува на фотосесии со бендови како U2, Depeche Mode, или на сцена додека ги режира филмовите како „Контрола“ и „Американецот.“

Втората вечер, на 20ти септември, е џез вечер и ќе бидат прикажани филмовите за Ли Морган „Го викав Морган“ и „Бил Фрисел: Портрет“. Ли Морган бил еден од најталентираните џез трубачи со блескава кариера и џез изданија кои се сметаат за антологиски. Меѓутоа неговата кариера била запрена кога бил убиен од сопругата. Ова е емотивен филм за како една блескава кариера дошла до својот крај и луѓето кои биле инволвирани во оваа приказна.

Бил Фрисел е еден од најпознатите и најпочитувани џез гитаристи. Овој интимен портрет на режисерката Ема Франц е сниман неколку години додека Фрисел работел на неколку различни проекти. Овој повеќекратен добитник на наградата Греми и редовен добитник на наградата „Гитарист на годината“ кој го доделува џез часописот Downbeat, се смета за најиновативниот и највлијателен американски џез гитарист во последните 4 декади.

Помеѓу овие два филма ќе следи настап на реномираниот џез гитарист Сашо Поповски. Поповски е професор по гитара на унив. Гоце Делчев  – Штип, директор на Jazz Factory фестивалот во Битола, а наскоро треба премиерно да го објави својот нов албум „Fallen Land” за етикетата на Скопскиот Џез Фестивал.
Карти за проекциите ќе можат исклучиво да се набават на касата на Кинотека.
Фестивалот е организиран согласно здравствените протоколи. Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје во соработка со Кинотека на С. Македонија, и е помогнат од Агенцијата за филм на РСМ. Визуелните решенија се дело на Дијана Димитриевска.

Previous Post

„Фатени во мрежа“ – Бескрајни можности, бескрајни ризици

Next Post

Започнува 19. CINEDAYS: Филм на секое платно

Next Post

Започнува 19. CINEDAYS: Филм на секое платно

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum