PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

И најголемиот маж е роден од жена (галерија)

popup by popup
март 8, 2019
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

„Феминизмот не постои за да ги направи жените силни. Жените се веќе силни. Феминизмот постои за да го промени начинот на кој светот ја перципира таа сила.“ – Г. Д. Андерсон

Денеска бевме на третиот марш за женската борба за економска, политичка и социјална рамноправност кој се одржа под слоганот „Дали е среќен 8 Март?“. Маршот започна напладне од Жена Парк, продолжи преку плоштад „Македонија“, Камениот мост и заврши на плоштадот „Филип Втори“.

Платформата за родова еднаквост, меѓу другото, побара парламентот веднаш и без одлагање да ги донесе законот за прекин на бременоста и законот за спречување и заштита од дискриминација, онака како што се предложени. Побараа буџет и институционални предуслови за остварување на ветувањата за унапредување на правата на жените и родовата еднаквост, афирмативни мерки за вклучување и унапредување на жените на пазарот на трудот, заштита од дискриминација на работното место по родова основа, ефикасна превенција, заштита и поддршка на жртвите и потенцијалните жртви на родово базирано насилство, бесплатна правна помош за жените што претрпеле семејно насилство, унапредување на репродуктивното здравје на жените преку итни реформи, поддршка на женското уметничко творештво, отстранување на дискриминаторските критериуми во националната програма за рурален развој, закон за спорт и стратегија за спорт во кои се води сметка и за спортистки.















 

Previous Post

Сирова култура: Покажете му на МКЦ што создавате

Next Post

Еван Атвуд: Емоција и бои (галерија)

Next Post

Еван Атвуд: Емоција и бои (галерија)

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum