Еван Џејмс Атвуд е квир фотограф од домородно американско потекло. Доаѓа од северозападниот дел на Њу Мексико. Како артист за залага за поголема културна разноличност и за давање шанса на маргинализираните гласови. Неговиот прв краток филм „Hollow Veins“ (2015) се фокусира на прашањата поврзани со менталните болести. Делата на Еван Атвуд ја изразуваат фасцинацијата од покажувањето на внатрешните емоции. Тој користи боја, надреализам и симболизам за да ја изрази човечката ранливост, важноста на врските и силната потреба за комуникација.