Секоја фотографија од серијата „HUE“ на италијанскиот фотограф Жан Марк Карачи има прецизен стил и делува како химна за „величествениот граѓанин“. Граѓанинот како лик што шета, застанува и е сеприсутен низ градот, често осамен, но не помалку горд или решителен, тој не покажува никакво отуѓување, туку напротив, има став на освојувач. Покрај тоа, ова човечко присуство, неговата силуета фатена на префинет начин, секогаш на вистинското место во вистинско време, му дава неочекувана убавина и величественост на градот.
Иако е естетско дело, серијата „Homo Urbanus Europeanus“ не ја крие својата политичка димензија. Навистина, фотографирани се 41 европски главен град, секој во ист стил и без никаква културна или социјална видливост, притоа фаворизирајќи ја сличноста наспроти разликата, „европското“ наспроти различното. Серијата „HUE“ јасно изразува утописко, но искрено „Да за Европа“.
На фотографиите ќе најдете 41 европска метропола: Братислава, Рига, Вилниус, Софија, Мадрид, Варшава, Рим, Љубљана, Загреб, Белград, Хелсинки, Талин, Рејкјавик, Париз, Брисел, Осло, Стокхолм, Прага, Берлин, Истанбул , Лисабон, Букурешт, Тирана, Будимпешта, Виена, Атина, Луксембург, Копенхаген, Амстердам, Лондон, Даблин, Сараево, Подгорица, Приштина, Скопје, Кишињев, Никозија, Валета, Минск, Ереван, Тбилиси и Киев. Истанбул е единствениот град кој не е главен град, но сепак се смета за европска престолнина на Турција. Последните престолнини додадени во серијата се: Берн, Торсхавн, Вадуц и Москва.
Серијата беше изложена во: Полска, Франција, Шпанија, Бугарија, Германија, Велика Британија, Австралија, Естонија, Чешка, Финска, Македонија, Кина, Јужна Кореја, Словенија, Словачка, Украина, Хрватска, Австрија, Унгарија, Казахстан, Буркина Фасо, Кипар, Бразил, Брегот на Слоновата Коска, Зимбабве, Тринидад и Тобаго, Перу.