Многу легенди го објаснуваат изгледот на овој остров среде море иако сите имаат исто потекло: островот е расцепот што ѝ недостасува во планината Пуиг Кампана.
Меѓу сите овие легенди се издвојува онаа за францускиот херој Ролдан, командант на Карло Велики. Легендата вели дека тој се борел со еден маварски војсководец. И двајцата обземени oд битката, завршиле свртени еден кон друг на врвот на оваа планина. Ролдан го кренал мечот Дурандарта ослободувајќи ја целата лутина и задавајќи му го последниот удар на противникот. Тој пак успеал да го избегне, а силата била толку голема што исекла големо парче карпа која паднала во морето.
Друга верзија со истиот протагонист раскажува дека Ролдан го испружил својот меч на планината за да го продолжи денот бидејќи се заљубил во една убава девојка што умирала. Ролдан верувал дека неговата сакана ќе умре со последниот сончев зрак. Зафатен од длабоката болка, јунакот се обидел да спречи зраците на светлината да исчезнат, правејќи огромно расекување во планината за да им овозможи на зраците на светлината да поминат низ него.
Поради ова, морнарите го знаат овој остров под името Ножот на Ролдан. Но има и други имиња како Островот на новинарите, Островот на пауните и Островот на Бенидорм. Месните жители го нарекуваат L’Illa (Л’Ила). На некои од следниве слики од Родриго Рохер, островот Л’Ила има скоро навредлив протагонизам. Меѓутоа, на други, тој попушта, се одрекува од својата главна улога и станува обичен гледач на град што го набљудува и му се восхитува.
Драган А.
фото-проект: Родриго Рохер