PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Фанг Тонг – Приказната зад фотографиите

popup by popup
декември 3, 2019
in Уметност
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Добитничка е на меѓународни награди, а нејзините фотографии се објавени во различни магазини, меѓу кои и „Vogue“.
Уметничкото образование и инспирацијата од работата на фотографите Грегори Крудсон и Еуџенио Рекуенко, како и сликарите Едвард Хопер и Дејвид Хокни, го дефинираат нејзиниот кинематографски стил на фотографија.


Фанг Тонг прави серија од фотографии на одредена тема, кои како филмски слики раскажуваат приказна, но оставаат на гледачот сам да ја препознае или да си создаде своја. Сцените што ги прикажува, се граничат со доза на сурреалност, а она што е карактеристично за овие фотографии е силната атмосфера доловена од карактерите па сè до секој најситен детаљ од сетот.

Темите ги пронаоѓа во секојдневен живот и сопственото животно искуство, ја засегаат меѓучовечките односи. Прво ја дефинира приказната што сака да ја раскаже, потоа следува подготовка, барање соодветна локација и модели. Секогаш прави скици и разработка на сетот, вклучувајќи и светло, позиција на фотографот и моделите. За Фанг Тонг подготовката за фотографирање е клучна за добар продукт, бидејќи смета дека колку подетално го разработи сетот толку е посигурна за време на фотографирањето и полесно решава можни непланирани ситуации. Со својот стил се стреми повеќе да долови безвременско чувство отколку документирана реалност.

Секоја серија фотографии има свој наслов и приказна. На пример, во серијата фотографии „Фамилијата Чен“, нејзината приказна зад овој сет е јазот помеѓу генерациите. Сцените се фотографирани во убава голема куќа, со пет модели, кои ги играат улогите на фамилијата Чен. Богата мигрантска фамилија од Кина, која се соочува со конфликт на три генерации: традиционални родители од Кина, деца пораснати во нова средина, Северна Америка, и брак помеѓу различни етноси. Контрастот е воспоставен помеѓу односот на членовите на фамилијата и удобниот начин на живот, каде што богатството не може да ги надмине проблемите што постојат и да воспостави комуникација помеѓу нив.


 
 
Анна

Previous Post

Топ 5 улоги на актерки според Наталија Теодосиева

Next Post

City Agenda: Распоред на настани (4.12-11.12.'19)

Next Post

City Agenda: Распоред на настани (4.12-11.12.'19)

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum