Светски познати (или домашни) илустратори/уметници кои ти се одличен извор на инспирација…
Руки Чуки – засекогаш, Филип Велковски, Катерина Николовска, Mari Kanstad Johnsen, David McKee…
Илустраторската работа понекогаш знае да биде мошне напорна, а инспирацијата привремено да секне… Што правиш кога се соочуваш со креативен блок?
Немам време за креативен блок 🙂 Deadline – ите ми се најголема мотивација 🙂 Секојдневно жонглирам со секојдневна работа, мајчинство (single mom), фриленс проекти (почесто за графички дизајн), па може да кажам дека мене времето ми e issue. Последните неколку години цртам само за проекти. Така, од себе за себе, од порив и љубов, многу ретко 🙁 Се надевам дека тоа ќе се промени, за многу брзо време.
Муралот во твоето родно Богданци всушност ти е првенче, односно прво сликање со четка? Какво беше целото искуство?
Целото искуство беше нектарско ^_^ Излегување од комфор зона. Првпат сликав со четка, првпат на толку голем канвас. Чувствував огромна одговорност пред сè, покрај чувството на трема и страв. Сликав народни, возљубени легенди, кои допреле до многу генерации, родени во мојот град. Одговорноста беше голема, ама фидбекот од сите, ширум земјата е мојата најголема награда. Ова е мал придонес за творештвото и оставштината на Колозов и Петрушевски. Благодарност и нека им е вечен споменот.
Кој беше мотивот да ги овековечиш ликовите на легендарните богданчани Колозов и Петрушевски? Дали можеби сакаше со нешто да му се оддолжиш на твојот град, да се навратиш на детството или…?
Сакав нешто да придонесам за мојот град и се гордеам што барем малку успеав да привлечам внимание кон Богданци. Богданци ми е дома, секогаш. Како и сите помали градчиња во Македонија е напуштено од младите, подзаборавено од своите, но секогаш ќе ми е љубов и топлина, меланхолија, ветар и сонце, фамилија, дом и сон. А тоа што Гого и Ванчо се од Богданци – гордост најголема. Се надевам дека богданчани се гордеат со муралот, а на сите нас ќе ни биде потсетник да го негуваме споменот на двајцата великани.
Oмилена илустрација од твоето досегашно портфолио?
Може повеќе од една? ^_^
https://www.instagram.com/p/CRTQT8xLrSe/
https://www.instagram.com/p/BlDxRA8nZIF/
https://www.instagram.com/p/BffxjlGB3-j/
https://www.instagram.com/p/CNpBLlSLTRC/
Музика што оди во позадина додека креираш…?
Стилот еклектичен 🙂 Во зависност од емотивната состојба, денот/ноќта, хормони, планети….
Younger Brother
Dead Can Dance
Madonna – Ray of Light
Extrawelt – Unknown
Maggie Threads MKC
Swayzak – Dirty Dancing
Boy Harsher
ABRA
Portishead – Roseland NYC Live
Lamb
Charlotte Gainsbourg
Gonjasufi
Massive Attack
Denny Trajkov (Mosaik Kollektif)
Lauren Garnier – Electro Mix 4 Tsugi
Што би сакала да донесе иднината за креативниот развој на веќе познатиот уметнички потпис „Em.Ellephantski“? Ќе продолжиш ли да експериментираш со стиловите, можеби после преминот од маркер и молив на четка, ќе следи нешто друго?
Најголема желба ми е да илустрирам детски книги. Имам и неколку текстови, инспирирани од ќерка ми Вивиен, ама уште спијат спокојно, чекаат да се создаде времето за нив ^_^. Како во сон кога си свесен дека сонуваш, како светулки затворени во тегла – треба да се разбудам, креативното ветерче да ме протресе, да светнам, да создадам <3 Четката ми отвори нови светови – отворена сум со цело срце да ги искусам. <3