PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Пет еко-градови од светот

popup by popup
март 18, 2018
in Universes
0
403
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Начинот на којшто досега ја „менаџиравме“ планетата Земја доведе до тоа еколошката свест (eco-friendliness) да биде најважната и најдискутираната точка на дневен ред во урбаните центри на развиениот свет.

И додека ние во Македонија сè уште само дебатираме (треба ли да се потсетуваме на разгорените депонии во Тетово и Струга, градежната експанзија во Скопје на сметка на неговите зелени површини?), развиените земји забрзано спроведуваат високи еколошки стандарди, претворајќи ги своите најгусто населени градски зони во зелени и самоодржливи урбани подрачја чии граѓани имаат силно изразена еколошка свест. Еве неколку градови низ светот кои можат да ви ги одморат очите со зелениот рај што го нудат:

Копенхаген

Данската престолнина е најзелениот европски град. И не бадијала данскиот народ со години важи за најсреќна нација на светот. Се чини дека Данците ја достигнале таа хармонија меѓу себе и природата. Најпопуларното превозно средство во Данска е велосипедот. Културата на велосипедизмот е поддржана и со соодветна високоразвиена инфраструктура која го олеснува возењето. Емисијата на CO2 во Копенхаген е незначителна, а автобусите се електрични, па така издувните гасови од возилата се сведени на нула. Исто така, Копенхаген е познат по големиот број еко-продавници за еколошка облека и храна. Фантастично, нели?

Куритиба

Куритиба ја носи титулата на „најдобриот голем бразилски град“. Верувале или не, и град во Бразил може да биде eco-friendly. Куритиба е град со највисока еколошка свест во Латинска Америка. Цели 70% од градскиот отпад се рециклира, а градот го доби и признанието за најзелен град со изградбата на еколошкиот систем на јавен превоз. Градските власти постојано работат на зазеленување, преку садење на 1 милион дрвја околу автопатите и создавање на сè поголеми зелени јавни површини.

Сингапур

Најзелениот град во Азија е добар пример како една урбана зона може да се справи со своите еколошки проблеми. Пред сè, Сингапур ја заслужи својата „зелена титула“ со револуционерниот систем на јавен превоз. Исто така, овој град се карактеризира и со значително помала потрошувачка на вода споредено со азискиот просек. Ако азискиот индекс на потрошувачка на вода е 380l по човек, во Сингапур тој изнесува само 307l. Освен тоа, секое домаќинство во градот може лесно да рециклира бидејќи градот бесплатно дистрибуира специјални контејнери за рециклирање. Сето ова придонесува за здрав и зелен животен стил.

Сан Франциско

Поранешната престолнина на хипи-движењето логично претставува еден од најзелените градски центри на светот, а со сигурност е најеколошкиот град во Северна Америка. Сан Франциско е прв град во САД којшто го воведе системот за рециклирање со канти во боја, како во домаќинствата, така и во работните средини. На тој начин го направи рециклирањето брзо и достапно, и што е најважно – тоа е законски задолжително. Фантастичниот јавен транспортен систем и владините мерки за користење на електрични автомобили исто така помогнаа Сан Франциско да израсне во еден од светските градови со најразвиена еколошка свест и култура.

Кејп Таун, Јоханесбург и Дурбан

Дурбан, Јужна Африка

Тешко е да се одбере помеѓу овие три градови бидејќи секој од нив има силни еколошки одлики во различни категории. На пример, Кејп Таун и Јоханесбург ги имаат најпространите зелени површини на целиот африкански континент. Дурбан, пак, го презема еколошкото водство од аспект на тоа што си постави цел да стане град без отпад во следните 20 години, и карбон неутрален град до 2050.

Tags: градовиекопростори
Previous Post

„Нељубов“ — анализа на едно страдање

Next Post

#MeToo #СегаКажувам! Што потоа?

Next Post

#MeToo #СегаКажувам! Што потоа?

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum