PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„Едамаме“: Идеја создадена од патувања и искуства

popup by popup
јули 20, 2020
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

За почеток, ни кажаа дека „Едамаме“ има главно take out концепт. Ги знаат по супите, но нудат и ладно цедени сокови, смути, салати, сендвичи и добро утринско кафе.
Зошто баш називот „Едамаме“?
Затоа што звучи чудно! И сите се бунат кога го изговaраат 🙂 Отсекогаш сме биле големи фанови на едамаме (млади соја зрна), но, за жал, кај нас не е толку популарно и тешко се набавува. Затоа одлучивме сами да го увеземе и да го вклучиме во нашите рецепти, со надеж дека и други ќе се заљубат во него исто колку и ние. Меѓутоa целата ситуација со пандемијата нѐ претрка и сѐ се искомплицира – а името ни остана.


Кога настана и чија беше идејата за стартување на „Едамаме“?
Секогаш кога патуваме, се обидуваме да откриеме мали и уникатни локали што нудат специфична храна и пијалаци. Кога се потсетуваме на сите места каде што сме биле, искуството од тие локали и вкусот што го нудат е тоа што го паметиме. Токму овие искуства нѐ натераа да ги споиме сите работи што ги сакаме и што фалат во нашето секојдневие и да го креираме концептот за „Едамаме“. Конкретно идејата за стартување на „Едамаме“ почна минатото лето додека престојувавме во Малага истражувајќи опции за отворање локал таму. Локацијата се смени, идејата се реализира 🙂


Како се носите со предизвиците за бизнисот во време на пандемија?
Се адаптираме! Ги воведовме сите пропишани мерки за заштита на нашите гости и на вработените. Целосно го сменивме првичниот распоред на локалот, воведовме концепт на самопослужување и прибор за еднократна употреба. Наскоро почнуваме и со достава.


Омилен дел од моменталното мени на „Едамаме“?
Има толку многу работи што треба да се вкусат, жалосно е да се има фиксно мени – затоа немаме. Моментално дефинитивно се супите, а доколку треба да издвоиме една – Мунго гравче во четврток.


Што планирате да воведете како понуда на јадења во иднина?
Рамен супа! И едамаме, се разбира. Ако не, менуваме име 🙂

Ваша порака до сегашните и до идните гости на „Едамаме“:
Пробајте нешто различно.

фотографии: Ања Калин

Previous Post

„Coolest dead people“ – изложба на илустрации од Кристина Карапеоска

Next Post

5 најдобри актерски трансформации на Тилда Свинтон

Next Post

5 најдобри актерски трансформации на Тилда Свинтон

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum