PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Дуети на славни татковци и ќерки

popup by popup
април 13, 2018
in Филм
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Љубовта меѓу татковците и ќерките е посебна. Истовремено заштитничка и нежна, понекогаш несмасна, неретко строга, понекогаш будалеста, но секогаш силна и уникатна. А уште и кога е поврзана со музиката…

Нат и Натали Кинг Кол – Unforgettable

Нема некој што не ја чул песнава. Ја напишал Ирвинг Гордон, а најпрепознатливата верзија (онаа што сите ја знаеме) е испеана од легендарниот американски џез-музичар Натаниел (Нат) Кинг Кол. Во 1991, речиси 30 години по смртта на Кинг Кол, неговата ќерка, џез и соул пејачката Натали Кол, го објавува албумот „Unforgettable… with Love“, што ќе достигне 7 платински изданија. Со овој албум таа ја започна веќе познатата практика на виртуелни концертни дуети, кога го „воскресна“ својот татко и ја сними кавер-верзијата на неговата „Unforgettable“. „Бевме воодушевени кога го извадивме гласот на татко ми од таа песна и го ставивме на сосема нова песна, беше чудо како се совпадна и како се погодија фразите.“ Овој дует ѝ донесе четири награди Греми на Натали Кол во 1992 година. Незаборавно, нели?

Питер Габриел и Мелани Габриел – Downside Up

Велат дека ниту еден од придружните вокали на Питер Габриел не звучи толку добро на неговите песни како ќерка му Мелани Габриел. Сосема природно е да биде така. На неговата турнеја „Growing Up“, Мелани го придружува својот татко во изведбата на песната „Downside Up“ со неверојатен сценски настап, во кој тие пеејќи ѝ пркосат на гравитацијата. Погледнете, it’s a must 🙂  Солистичката работа на Мелани, која претежно се состои од љубовни песни на акустична гитара, воопшто не личи на музиката што ја прави Питер Габриел. Иако музички таа е во сенката на славниот татко, мора да се согласите дека во комбинација со него звучи моќно.

Елвис Присли и Лиза Мери Присли – In The Ghetto

Нема потреба да зборуваме за Кралот Елвис Присли. Неговата ќерка Лиза Мери го сними овој постхумен дует за да ја одбележи 30-годишнината од неговата смрт. Во таа пригода, таа изјави целта не ѝ била само да пее, туку вистински да „пее со него“, како да е жив. Спотот е снимен во Њу Орлеанс, кратко откако градот беше опустошен од ураганот Катрина, а сите собрани средства од продажбата на синглот беа наменети за помош на жртвите што останаа без своите домови.

Џони Кеш и Розен Кеш – September when it comes

„Здравјето му беше веќе влошено, беше болен. За првпат се соочив со смртноста на мојот татко. Многу е тежок оној момент во животот кога родителите одеднаш стануваат кревки. Му се јавив и му реков дека му носам песна, па ако се чувствува добро, можеме да ја отпееме заедно. Тоа утро не му беше воопшто добро, но рече дека ќе пее. Кога ја научи песната, почна да му се враќа енергијата.“ Вака Розен Кеш, ќерка на легендарниот Џони Кеш, се присетува на снимањето на нивниот единствен дует „September when it comes“ во 2003 година. Песната има прогонувачки стихови за љубовта, за краткотрајноста и за смртноста. Токму тој септември 2003 година, кратко по излегувањето на дуетот, нејзиниот популарен татко почина.

Френк и Ненси Синатра – Something Stupid

И покрај минималната улога на Ненси во „Something Stupid“, повеќе како придружен вокал на моќниот глас на татко ѝ, оваа песна успеала да ги обедини нивните обожаватели и да се искачи на врвот на топ-листите. Песната станала еден од најголемите хитови во 1967 година и после неа, Френк никогаш повеќе немал сингл што ќе стигне на врвот од Топ 20 листата (дури ни „My way“ ни „New York, New York“ не успеале во тоа). И по половина век, Ненси со љубов се присетува на нивниот топол однос, на неговото разочарување што не го завршила факултетот и на најскапоцениот совет од Френк: секогаш да биде свесна за нештата што ја опкружуваат и секогаш да знае и да следи што се случува околу неа. Верзијата на „Something Stupid“ доживеа уште една славна преработка во 2001 година, отпеана од Роби Вилијамс и Никол Кидман.

Previous Post

Роботи во училниците?

Next Post

PopUp го гледаше „Бикини Мун“

Next Post

PopUp го гледаше „Бикини Мун“

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum