PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Дигиталниот номад – новото нормално?

popup by popup
јануари 14, 2021
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Животната динамика што ја дава оваа опција за работа е уште еден голем плус што им одговара на помладите генерации. Според неодамнешните истражувања, се предвидува дека до 2035 година ќе има една милијарда дигитални номади на планетава. Правени се и истражувања кои места се најдобри за ваков вид работа, притоа земајќи ги предвид пристапот до интернет, временскиот услови, личната безбедност, трошоците за живот и здравствените стандарди. Во Европа тоа се Прага, Лас Палмас, Белград, Лисабон и Талин 🙂 Она што е интересно е дека европските дигитални номади го избегнуваат Берлин, кој порано важеше за хотспот за дигитално номадство, но сега е едноставно прескап за тоа. Бидејќи не мислиме дека сè е сјајно околу дигиталното номадство, ќе ги наведеме неговите добри и лоши страни.

Покрај можностите за живот во различни градови, средбите со луѓе од различни култури, патувањето на егзотични дестинации, голема предност е можноста сами да си го направите распоредот за работа. Наместо стандардниот од 9 до 5 распоред, можете сами да одлучите кога да работите, а кога да правите паузи. Роковите секако ќе останат присутни. Освен местото, можете да ја изберете и локацијата во просторот – кревет, софа, тераса, coworking простор… Вообичаено coworking просторите се многу привлечни и гостопримливи, исполнети со различни растенија и сонце. Можноста за кафе и релаксирана атмосфера додека работите дава позитивен push фактор за успешно завршување на работните обврски. Номадскиот животен стил подразбира поголема мобилност, помалку поседување лични работи и едноставно, чувство на среќа. Сè што ви треба во животот е лаптоп, стабилна интернет-конекција и мобилен телефон. Номадите се стремат да го достигнат YONO мајндсетот – you only need one. Тоа подразбира дека треба да го обезбедите само она што ви е неопходно и да развиете чувство за минимализам, суштински приоритети и бегство од консумеризмот како болка на денешницава. Животот како дигитален номад е полн со слобода, возбуди, но и нестабилност. За да успеете, потребни ви се голема дисциплина и посветеност за да не ве занесе забавната страна на ваквиот начин на живеење.

Тука се и лошите страни, или проблемите со кои не се соочуваат луѓето на традиционалните работни места. Првиот проблем со кој се соочуваат најголемиот број дигитални номади се разбира се парите. Понекогаш средствата и нестабилноста на работниот ангажман се недоволни за егзистенција во друга држава. Исто така, новите места и новите возбудливи искуства можат да ја намалат мотивацијата за работа, па така, некои номади не успеваат бидејќи не работат доволно на сметка на забавата. Тука се и културните разлики. Колку и да изгледа забавно, сепак дигиталните номади се странци во другите држави и доживуваат тешкотии да се адаптираат на различни култури.

Постојат неколку фази што секој дигитален номад ги доживува при престојот во странство и тие се одамна познати: прво, периодот на меден месец кога сè е магично, па културниот шок и кризниот период, период на приспособување, и на крајот, периодот на усовршување. Овие фази можат да се развлечат од неколку месеци до неколку години. Проблем е и осаменоста, оддалеченоста од пријателите, семејството и/или партнерите. Стабилна врска со дигитален номад? Ова е особено проблематично 🙂 Ако се соберат сите проблеми на едно место, ќе дојдеме до тоа дека дигиталниот номад доживува неуспех ако му недостигаат цел, добар план и логистика. Најдобриот совет е најпрво да се прашаме зошто сакаме да водиме ваков начин на живот и што сакаме да постигнеме со него.

Драган А.

Previous Post

„Драг МКЦ“ – Пиши му на МКЦ по повод неговиот 50-ти роденден

Next Post

5 нови електронски албуми за преслушување

Next Post

5 нови електронски албуми за преслушување

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum