Студентите ќе се стекнат со теоретски и практични знаења од областа на уметноста, дизајнот и технологијата под менторство на универзитетски професори и специјалисти во своите области. Наставата се одвива користејќи нетрадиционални, флексибини и практични методи со цел оспособување на креативците кон професионален ангажман и почеток на кариера. Секоја програма е со времетраење од 9 месеци со вклучени 500 учебни часа и дополнителни 120 часа работна пракса.
Академија за визуелни уметности, под менторство на Дејан Џолев, Зоран Кардула, Петар Павлов, Игор Делов, проф. Небојша Вилиќ, Никола Узуновски и други. Академијата има за цел развивање на креативните и технички способности на секој студент, за практична употреба на визуелните уметности (графички дизајн, фотографија, видео) кон комерцијални (маркетинг, адвертајзинг) или уметнички дејности. На крајот од академската учебна година, студентите, јавно се претставуваат пред главните менаџери на најзначајните македонски адвертајзинг и маркетинг агенции, дизајн-студија, ТВ и филмски продукции. Секој од студентите, по избор на компаниите, одработува месечна работна пракса, со можност за понатамошно вработување. Искуството од изминатите години покажува високи 90% од студентите кои се вработија или основаа сопствени компании.
Академијата за моден дизајн, под менторство на проф. Никола Ефтимов, проф. Никола Булески, Ирина Тошева, доц. Александра Јовановска и други. Академијата нуди нетрадиционални и флексибилни едукативни методи на настава што вклучува практична активност во модно студио и атеље, со цел реализација на портфолио од идејни решенија, модни илустрации, модни фотографии, прототип дизајни и финален дизајн производ со негово јавно претставување на крајот од академската програмата преку завршна изложба, учество на Моден викенд Скопје, како и јавен брифинг пред менаџери од модната индустрија со цел одработување месечна работна пракса, со можност за понатамошно вработување.
Академија за продукт дизајн (продукт дизајн, индустриски дизајн и дизајн на мебел), е прва академија во нашата земја од ваков тип. Наставата вклучува практична активност во мултифункционално студио за производство на прототипи и конечни производи, компјутерска лабораторија со 3Д-принтери. Тимот на ментори е навистина фасцинантен: Никола Узуновски, проф. Јована Јованова, проф. Јовица Мијалковиќ, Апостол Тноковски, Кристина Крагујевска, Илија Паунков и други. По завршувањето на програмата, секој од студентите ќе посети работна пракса со времетраење од еден месец. Додека пак, по завршната групна изложбена поставка, се стекнувате со титулата – Продукт дизајнер.
Пријавувањето е во тек.