„Се тресеме. Сите заедно. Се тресеме од студ, се тресеме од неизвесност…. се тресеме од извесност. Се тресеме од туѓите избори, од памет нѐ вадат нашите избори. Се тресеме 12 години со НАШИОТ ЗЕМЈОТРЕС, се тресеме елегантно, ма прекрасно се тресеме. Скопје е трусно подрачје, совршена сцена за урбана зомби апокалипса во континуитет. Па се тресеме во континуитет Се тресеме во ритмот на музиката, кожи наежени, младост подготвена да експлодира низ конзервата на ебеното примитивно општество. Се тресеме од општеството, а би сакал ние да го треснеме посред глупата му фаца,“ – напишаа „Земјотрес“ на нивиот Фејсбук профил.
Најголемиот фестивал на независната музичка сцена ќе се одржи на 3 февруари во Младинскиот културен Центар во Скопје, со почеток во 19:00 часот, а ќе трае до 04:00 наутро. Оваа година ќе настапуваат:
💥 Adi Imeri Trio / @_adi_imeri
💥 Andreja Salpe / @andrejasalpe
💥 ATA / @atakizum
💥 Bal&Kan
💥 DamageControl / @damageburazsamokillshit
💥 Dobrila & Dorian Duo
💥 Donplaya / @sinkatasin
💥 Gargara / @gargarahc
💥 ISKRA / @iskra.mkd
💥 Кенопсија / @kenopsija.mk
💥 Културно Уметнички Работници / @kulturno_umetnicki_rabotnici
💥 Lincoln Letter / @lincolnletter
💥 Luke Levin / @llevinoff
💥 MC Kain / @tasevkain
💥 Meggy / @magdalenasnoodles
💥 Mirko Popov @mirkopopov
💥 Noviot Pochetok / @the__beginnings
💥 OVC Kolektiv / @ovckolektiv
💥 The Ooz / @the.ooz.band
💥 Trendkill / @trendkill_hc
💥 Visionary / @visionary_recs