PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„Будење“ – завршна изложба на студентите по дизајн

popup by popup
септември 19, 2018
in Настани
0
401
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Утре (20 септември) во „Јавна соба“ ќе биде поставена годишната завршна изложба на студентите од Академијата за дизајн на Seavus Education and Development Center во соработка со Џолев и Уметностите. Ќе имаме можност да ги видиме делата на студентите што успешно го завршија своето школување на петте насоки што ги нуди оваа академија: графички дизајн, веб-дизајн, ЗД-дизајн на видеоигри, визуелни уметности и моден дизајн. За нивното лично и професионално будење, процесот на едукација и идните кариери, разговаравме со Дејан Џолев од „Џолев и уметностите“, школата за уметност што има свој наставен удел во Академијата за дизајн.


Што мислите, дали уметничкиот талент и вродената смисла за естетика ја имаат истата вредност како порано во творењето и во работата на полето на дизајнот и визуелните уметности, ако земеме предвид дека живееме во дигитална ера, кога компјутерот за нас генерира комплементарни бои, шеми и готови темплејти?

И Гугл ги содржи сите одговори, но одговорите на веќе одговорените прашања. Уметноста и дизајнот се покомплексни од кога и да било. Инстант генераторите создаваат шум на терен и кастрирани дизајнери. За повеќе од тоа, потребно е образование.

Што сè oпфаќаат предавањата по различните видови дизајн и визуелна уметност на вашата академија?

Еволуцијата на професијата „дизајнер“, и воопшто самата индустрија, нè принудува и кон еволуција на образовните методи и принципи. Некогаш беше доволно за графичкиот дизајнер да познава неколку софтверски алатки, но денес тоа е елементарното во дејноста. Дизајнерот денес е мултидисциплинарен уметник со практично познавање на повеќе визуелни медиуми. Истото „правило“ важи и за секој фотограф, аниматор, веб-девелопер… Конкретно, Академијата за визуелни уметности ги обработува уметностите и применетите уметности: графички дизајн, фотографија, типографија, илустрација, постпродукција, мултимедија, а како поддршка на практичните медиуми се и наставните предмети: историја на уметност, естетика, методологија на дизајн, нови медиуми и филозофија. Програмата е насочена кон развивање на креативната и на техничката способност, како и стимулирање на интелектуалните и естетските индивидуални вредности на секој студент, преку флексибилни методи на настава, која пред сè вклучува практична активност, додека процесите ги менторираат дизајнери и уметници какви што се Зоран Кардула, Никола Узуновски, Петар Павлов, проф. Небојша Вилиќ итн.

Иван Мегленов, Предмет: Графички дизајн, Вежба: Илустративен постер

Што е клучното нешто што треба да го знаат младите дизајнери и визуелните уметници, покрај совладувањето на наставната програма, за да бидат успешни во понатамошната работа?

Единствено и најважно нешто што треба да го знаат е дали навистина ја сакаат оваа професија! Применетите уметности се технички и методолошки процеси, кои најчесто се спроведуваат преку софтверски алатки и сето тоа се совладува со труд, а за да стане трудот навика, единствено треба љубов и страст кон дејноста.

Автор: Александар Трајчевски, Предмет: Постпродукција на фотографија, Вежба: Рекреација на дело (Ване Костуранов)

Како дојдовте до насловот на групната изложба на студентите од Академијата за дизајн -„Будење“?

Метафора – За голем дел од студентите, изминатата учебна година претставуваше интелектуално „Будење“.

Дали го следите развојниот пат на младите дизајнери и визуелни артисти по завршувањето на Академијата? Има ли капацитет нашата земја да ги апсорбира квалитетите на младите графички, веб-дизајнери, модни дизајнери, визуелни артисти…?

Секако! И многу повеќе од тоа. По завршувањето на Академијата, сите наши студенти јавно се претставија пред повеќе од 20 компании од дејностите, вклучително и најдобрите! Сите студенти беа ангажирани на работна практика, а по нивното завршување, дел од нив се вработија во компаниите или се во моментални преговори, или доколку изминатата година бевме сведоци на нивното „Будење“, денес нашите студенти го остваруваат личниот професионален „Сон“.

Автор: Симона Тасевска, Предмет: Постпродукција на фотографија, Вежба: Рекреација на дело (Рене Магрит)

 
 

Previous Post

PopUp Music: PEZNT во Vinyl

Next Post

„Остри предмети“: Како може да те исече семејството

Next Post

„Остри предмети“: Како може да те исече семејството

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum