PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Автобуски постојки – живеалишта за пчели

popup by popup
јули 9, 2019
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Впрочем, после пушењето, нездравата животна средина (вклучувајќи го и лошиот квалитет на воздухот) е втората најголема причина за појава на болести во Холандија. Зелените покриви на постојките во Утрехт исто така станаа дом за пчелите, придонесувајќи за поголемиот биодиверзитет во градот.

Покривите се посадени со растенија од родот седум (sedum), растенија кои не бараат некои посебни услови за одгледување. Името „sedum“ потекнува од латинскиот збор „sedere“, што значи смирува, бидејќи листовите на седумот понекогаш се користат и како мелем за повреди. Ова зелјесто растение, може да има исправено и ползечко стебло со висина од 20 до 40 cm. За растенијата се грижат општинските работници кои патуваат од постојка до постојка во возила на електричен погон.

Неодамна Утрехт замени 10 дизел со електрични автобуси. Целта на градот е до 2028 година да оперира само со СО2 неутрални автобуси. Во меѓувреме, Утрехт ги обучува возачите да се прилагодат на еколошки стил на возење. Автобусите ја регистрираат ефикасноста и удобноста на автобусот, па во зависност од тоа колку добро возат, возачите можат да добијат награди за својот еколошки безбеден начин на возење.

Градот Утрехт и понатаму ќе го зголемува бројот на автобуси на електричен погон. Електричната енергија што ја користи Утрехт доаѓа од холандските ветерници. Дополнително, граѓаните на Утрехт се стимулираат да ги трансформираат своите сопствени покриви во зелени со аплицирање во специјални субвенционирани програми.

Previous Post

Викенд журкање со PopUp Music (галерија)

Next Post

Лисабон: Измислено, а реално место

Next Post

Лисабон: Измислено, а реално место

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum