Мислевте дека ќе ве оставиме без фото-моментите од двете изминати PopUp журки? Петочната ноќ беше on fire 🙂 Журката започна со загревање во преполниот „Синдикат“ уште од 22 часот, со сетовите на Nino Flooder и Nikola Tonevski. По полноќ, одличната атмосфера се префрли во клуб 12.12, кој се исполни до последен сантиметар. Зад пултот најпрво беше Stojche, a потоа и главната ѕвезда на журката – DJ Andrey Pushkarev. Журка не се раскажува, па затоа гледајте фотки 🙂