Името на албумот е New Blue Sun. Во интервју со GQ, музичарот открива дека албумот е речиси исклучиво создаден со дувачки инструменти, исполнет со долги песни со долги наслови. Во нивниот текст GQ ја нарекуваат „музика на ново време кое сѐ уште не дошло“. На прашањето зошто направил баш таков албум, кој отскокнува од неговата досегашна кариера, тој одговорил „Зошто правиме било што? Едноставно, тоа е албумот кој дојде“.
Свесен дека има милиони кои би сакале да го слушнат повторно како рапува, тој првата песна на албумот ја именувал „I swear, I Really Wanted To Make A ‘Rap’ Album But This Is Literally The Way The Wind Blew Me This Time“.
Раперот вели дека постојано добива битови и се обидува да пишува, но едноставно тоа што излегува од него не е рап. Вели дека се чувствува како повеќе да не е автентично за него да рапува бидејќи повеќе нема за што да се изразува преку таа уметничка форма.
„Имам 48 години. Не сакам да кажам дека возраста диктира за што рапуваш, но на некој начин многу влијае. Работите кои се случуваат во мојот живот: бев на колоноскопија, ми се влошува видот… има кул начин да го кажеш и ова, но сепак…“.
Албумот може да се слушне на неговиот Јутјуб канал и на Спотифај:
Погледнете го целото интервју на Јутјуб: