Porgy and Bess
Иако Виена е позната како дом на класичната музика, сепак не ѝ се спротивставила на странската музика и срдечно го примила дојденецот – џезот. Porgy and Bess е модерен клуб дизајниран како мини концертна сала со простор за 350 слушатели. Со својата врвна опрема и услуга, со текот на времето клубот привлекол голем број на етаблирани џезери. Посетителите на Porgy and Bess се врвни познавачи на музичките текови и не се само почитувачи, туку и внимателни слушатели на најситните нијанси. Местото е домаќин на музички настани секоја вечер, обезбедувајќи простор за широк спектар на уметници од Артуро Сандовал и Пакито Д’Ривера до експерименталните кавери на џез-виртуозите од средна Европа. Влезот во овој клуб чини 20 € и е секогаш отворен, освен во летната пауза од средината на јули до крајот на август.
Donau 115
Берлин е европската уметничка престолнина и без сомнение е место на кое се раѓа нова љубов кон џезот. Неа намногу можете да ја почувствувате во Донау 115.На германската престолнина сигурно не ѝ недостасувааѕ места за живи свирки, па така во секој агол може да се најде нешто за сечиј вкус. Но, во еден музички правец Берлин е особено докажан, а тоа е џезот. Најпознати места за љубителите на џезот се A Trane и Zig Zag, а фаворит е Донау 115, многу помало место во хипи областа Neukolln. Овде да можете да бидете сведоци на музика каква што е пост-боп-џез, а мешавината од изведувачи ќе ги задоволи и најпребирливите слушатели на овој правец.
Reduta
Во срцето на Прага, на улицата Народни, близу до Националниот театар, се наоѓа најстариот џез-клуб во градот. Го основал басистот Јан Арнет во 1957 година, а името потекнува од терминот „редута“ што значи маскенбал. Интересно е тоа што во текот на 1950-тите, клубот започна да пушта џез, музички жанр кој бил забранет од владејачката комунистичка власт. Премиерниот концерт во јуни 1958 година вклучил настапи на познати чешки џез уметници, како што се Карел Велебни и Лудик Хулан. Клубот привлекол и промовирал локални, но и меѓународни уметници. Редута станал центар и на кадифената револуција во 1980-тите, а го преживеал и бурниот режим на комунистичката влада. Добро е познат по импровизираната саксофонска изведба на американскиот претседател Бил Клинтон и во 1994 година. Со Редута се поврзани имиња како Сесил Тејлор, Рони Ливсток и Винтон Марсалис.
Ronnie Scott’s Jazz Club
Меѓу стотиците џез места во лондонски Сохо, џез-клубот на Рони Скот е многу посебен. Го основале Рони Скот и Пит Кинг во 1959 година, во подрумот на една зграда на улицата Џерард. Откако стекнал популарност, клубот бил преместен на улицата Фрит 47, додека првичното место продолжило да работи паралелно до 1967. Првиот трансатлански уметник што настапил во клубот е Зут Симс. Меѓу редовните изведувачи во овој клуб се вбројуваат Џони Грифин, Ли Кониц, Сони Ролинс, Сони Стит, Таби Хејс и Дик Морисеј. Во 1978 година клубот основал своја дискографска куќа. Во 2009 година, џез-фестивалот Брекон го вброи Рони Скот во листата на 12-те клубови што дале најголем придонес за џезот во Велика Британија.
Hot Clube De Portugal
Hot Clube De Portugal е основан во 1948 година во Лисабон и има минималистички стил. Иако делува скромно, овој клуб бил домаќина на многу џез легенди како што се Сара Воган, Декстер Гордон и Лу Доналдсон. Оригиналната градба била уништена од пожарот во 2009, но три години подоцна клубот бил повторно отворен со помош на граѓаните и неколку здруженија кои финансиски го потпомогнале. Овој клуб има 140 места и е вистински интимен музички простор за луѓе од сите возрасти и професии.