PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Журката пред Reworks – фестивалот што го оживува Солун

popup by popup
мај 8, 2018
in Музика
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Настанот што решивме да го споделиме со вас беше посетата на една од журките на NON Collective, односно Pre-Reworks настан што симболично ја одбележува промоцијата на новата 14-та едиција на фестивалот Reworks.

Сите Pre-Reworks забави се базираат на концепт што се стреми на веќе многубројната публика, а и секако на онаа новата што за првпат се сретнува со фестивалот и со овие забави, да долови дел од атмосферата на самиот Reworks фестивал како и дел од музичката програма што ќе биде застапена. Артистите што настапуваат на овој фестивал и на овие забави се еминентни имиња од светската електронска музичка сцена, а изборот се базира на нивната актуелност, застапеност и, секако, музичко достигнување на сцената.

Фестивалот Reworks за првпат е одржан во 2005 година, во рустикалниот објект Mylos, односно во поранешната железничка станица, која во моментов е вон функција, но со нејзиниот изглед и распоред на простории претставува одличен амбиент за фестивалски концепт. Иако во почетната фаза на организацијата на овој фестивал, Reworks претставува само еднодневна забава со повеќе светски познати артисти, интересот и ефектот што го постигнува првата едиција на фестивалот, отвора врата и можност самиот фестивал полека но сигурно да прерасне во настан што трае повеќе од два дена по ред.

Концептите кои се темели на овој фестивал се секако музиката, уметноста и културата во електронската музика и тие се претставуваат и се елаборираат преку организирање говорнички панели, отворени дискусии, презентации и соработки со други познати светски фестивали кои имаат што да понудат како дополнително искуство.  Во своето постоење од повеќе од една деценија, Reworks како фестивал успева да адаптира и да оспособи несекојдневни локации какви што се пристаништа, индустриски складишта, историски градби – споменици, со цел да ги заживее запуштените делови од градот Солун.

[URIS id=1110]

Non Collective како дел од организацијата на овој фестивал во сите овие 14 години, успева да покани повеќе од 800 артисти, да обезбеди над 80 различни локации и секоја година да прими на фестивалот повеќе од неколку илјадници гости од целиот свет.

Во изминатите неколку години  NON Collective симболично го означува почетокот на фестивалот и секако летната сезона, преку организација на концептуалните забави NON Rooftop. Овие забави се организираат од почетокот или од средината на мај и траат сè до крајот на летната сезона, односно последниот ден од Reworks фестивалот, кој исто така е и настанот со кој се затвора фестивалот и концептот наречен NON Rooftop.

Како локација каде што се одржуваат овие забави не случајно е избран и покривот на хотелот „MET“, кој со својот одличен амбиент и спој со музиката им овозможува уникатно доживување на посетителите. Музичкиот избор дефинитивно не е едноличен, со цел да се покрие широкиот спектар публика што ги посетува овие настани.

[URIS id=1123]

Кога сме веќе кај артистите и изборот на музиката за NON Rooftop, за првата серија на овие забави, како странски изведувач и ѕвезда на вечерта беше Adam Beyer, кој е присутен на електронската сцена речиси три децении. Моментално звукот што го презентира овој артист низ своите сетови и неговиот лејбл Drumcode се едни од најзастапените и најактуелни концепти ширум светот. Со ова Adam Beyer се вбројува како дел од сите актуелни фестивали и забави ширум светот, додека Drumcode како негова издавачка куќа претставува една од водечките во модерниот концепт и звук на техно-жанрот.

Доколку текстов и галеријата на PopUp за журката од 29 април ви предизвикаa желба и интерес да посетите некој од овие настани, ве очекувам на повторна дружба.


Нино Делиниколов

Tags: настани
Previous Post

Владо Данаилов: Ослободителите стојат гордо

Next Post

Истражувачки проект: „Скопските вертикали“

Next Post

Истражувачки проект: „Скопските вертикали“

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum