PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Истражувачки проект: „Скопските вертикали“

popup by popup
мај 9, 2018
in Настани
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Во понеделникот, во Музејот на град Скопје се отвори изложбата „Скопските вертикали“, која што заедно со истоимената публикација претставува резултат од проучувањето на скопските висококатници. Студијата е дело на Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова и Владимир Десков.

Скопските вертикали и нивните впечатливи архитектонски фигури во голема мера го дефинираат специфичниот, модерен идентитет на градот. Иако историјата на вертикалите во Скопје (слично како и кај другите европски градови), може да се следи низ сите епохи на историскиот развој на архитектурата – уште од исфрлените, одбранбени кули на скопската и околните тврдини, преку градските репери со религиозен карактер (кулите камбанарии и минарињата), профаните репери – Саат кулата, објектите кои со својата доминација говорат за истакнатата социјална позиција – Беговската кула, сепак вертикалноста и развојот на градот во висина својата вистинска смисла ја добива дури во повоениот период преку кулата висококатница како една од главните одлики на модернистичкиот град (градот создаден во текот на 20 век).


Воведувајќи нови, современи парадигми во однос на планирањето на просторот и неговата изградена структура, интензивниот процес на модернизација започнува да го менува ликот на Скопје уште во повоените 1950-ти, а особено драматично во периодот на постземјотресната обнова на градот (во втората половина на 1960-тите, 1970-тите и првата половина на 1980-тите години). Станува збор за период од архитектонската историја на Скопје во кој градовите и во глобални рамки сè уште се доживуваат како „резултат на колективен напор“, а архитектурата како „јавна работа“; како значајна еманципаторска алатка и средство за општествено и особено културно подобрување; глобално, време на проекти со гигантски размери и утопии загледани во иднината.


Студијата е насочена кон документирање и истражување на 50 висококатници кои при- паѓаат на периодот од 1950 год. сè до доцните 80-ти години од минатиот век, кој истовремено е и најдинамичен период од историјата на развојот на Скопје. Потпирајќи се на доволната историска дистанца која дозволува објективно согледување на заемното влијание на општествено-политичките процеси, глобалните архитектонски движења и технолошкиот напредок врз развојот на урбаната форма, целта на трудот е подетално проучување на архитектурата на вертикалниот град, условите во кои таа настанала, главните одлики кои ја одредуваат, квалитетите и вредностите кои ги поседува.


 

Tags: настани
Previous Post

Журката пред Reworks – фестивалот што го оживува Солун

Next Post

71. Кански филмски фестивал: Родовата рамноправност и филмот

Next Post

71. Кански филмски фестивал: Родовата рамноправност и филмот

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum