Ирина Николовска е дел од The Family (thefamily.co) и ја води нивната заедница во Берлин. The Family е компанија која им помага на стартапи во рана фаза од развојот, преку едукација и овозможување пристап до алатки и капитал.
„Sistership (Сестринство) e иницијатива под мое водство преку која се обидуваме да влијаеме повеќе жени да остварат кариери од областа на технологијата и претприемништвото. Дел од оваа иницијатива е и настанот Sistership, на кој правиме интервју на две успешни жени со цел преку нивните кариери да покажеме пример за успех. Дополнително водам затворена група на успешни жени со која се среќаваме секој втор месец за да споделиме искуства и да помогнеме на било кој начин.“ – вели Ирина.
Понекогаш е потребна само инспирација и споделено искуство за да се направи првиот чекор. Погледнете ги фотографиите од настанот кој се случи деновиве во Берлин.
фотографии: Лилика Стрезоска