Како одраз на досегашните успеси, овогодишната соработката се издигнува над очигледните потешкотии во секторот преку обезбедување на меѓународна програма која ги поставува Саемот и Центарот на заедничко тло со тековните глобални теми.
Од 27 до 30 јуни 2019 година, саемот за уметност Ин Ситу и Младинскиот културен центар ќе ги отворат вратите кон поинаков вид на оптимизам, привремено ослободен од товарот на секојдневните грижи. Од Ин Ситу велат дека веруваат оти нивната заедничка работа оддава почит кон потребата од современо размислување за динамиката на нашето општество – коешто во полемиките за визуелната, структурната или применетата уметност не смее да биде изоставено.
Меѓу настаните што ги издвоивме, а на кои сигурно ќе присуствуваме се изложбата „Приватни демони“ на Маја Јаневска-Илиева и Велимир Жерновски.
Дел од изложбената програма на саемот е и гостувањето на Walden Kunstausstellungen е една од најстарите активни галерии во Германија, која секогаш успева да ја доведе во прашање рутината со тековните продукции. Автори и учесници се Јоана Буковска, Карен Колтерман, Јулиа Мураками, Вероника Шумахер, the b-AGE-ritz (Ралф Багериц), HF Coltello, Евол, Џорџ Полке, Фредерик Фоерт и Ира Шнајдер.
Во рамките на архитектонската програма посветена на модерната архитектура ќе се случи и промоцијата на модернистичката мапа за Скопје на Блу кроу медиа Лондон. Инаку, Њујорк тајмс ги опишува мапите на Блу кроу како „манифест за дизајн и водич за урбана архитектура”.
Куратори на Ин Ситу ќе бидат Бојана Јанева Шемова и Ана Ивановска Дескова. Жирито го сочинуваат Јованка Попова, Реинхолд Готвалд и Марија Сотировска Богдановска.
Целата програма на Ин Ситу можете да ја видите на овој линк.