PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Роботи во училниците?

popup by popup
април 12, 2018
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Многубројни се приказните за дечиња што се сместени во болница и не можат да одат на училиште, па користат роботски направи што им овозможуваат да се „телепортираат“ дома и меѓу своите соученици.

Еден од нив е и роботот Бим (Beam), кој не изгледа како футуристичка машина, туку е составен од едноставна платформа на тркала, два метални лоста и глава во форма на екран. Произведен е од американската компанија „Suitable Technologies“.

https://www.youtube.com/watch?v=jkSCrguxcy8

Алисија, ученичка од Франција, која била задржана во болница и морала да престојува во стерилизирани услови, со помош на роботот Бим се „вратила“ дома за да вечера со своите родители, да влезе во собата на својата помала сестра и да присуствува на сите семејни средби. „Тешко ми беше да ја оставам во болницата, така што можноста да ја видам одново, макар и со посредство на робот, ме исполнува со радост“, изјавила мајка ѝ Аник Пиаза. Овој случај ги убеди Француската филантропска асоцијација на родители на деца болни од леукемија и Институтот по детска хематологија и онкологија во Лион, пред шест месеци да започнат со тестирање на овие роботи. Во областа Оверн-Рона-Алпи во Источна Франција, ваквите роботи веќе 4 години им помагаат на некои ученици. Меѓу нив е и девојчето со име Лиди, кое страда од астма. Поради честите отсуства од училиште, на Лиди ѝ било дозволено наутро да посетува часови, а попладне да биде дома, од каде што ќе посетува курсови со посредство на роботот Бим.

Роботите за телеприсуство веќе извесно време се користат и во САД. Клои Греј од Мериленд е првата ученичка од основно училиште што користела ваков робот. По операцијата, Клои морала да остане дома со месеци. Но и покрај тоа ја посетувала наставата, шетала по ходниците со своите пријатели и се дружела со нив во училишната кафетерија. Пред употребата на роботот, кај Клои доаѓал наставник и сите училишни обврски морала да ги завршува сама. Мајка ѝ забележала дека Клои почнува да заостанува со материјалот и да губи мотивација. Но откога започнала да го користи роботот, таа секое утро станувала возбудена и се подготвувала како за нормален ден на училиште. Кога имале специјални часови по уметност или музика надвор од училиштето, еден од пријателите на Клои го носел роботот со него, а на одморите го носел на полнење на батеријата. Благодарение на роботот, нејзиното физичко враќање во училиштето било олеснето и нормално. Мајка ѝ смета дека Клои побрзо оздравела поради секојдневниот посреден контакт на роботот со нејзините пријатели.

Најефективната улога на роботите во училниците се постигнува во активности што опфаќаат мали групи, во чии рамки роботот може да биде лесно подвижен. Физичкиот простор што го зазема му дозволува на корисникот да се чувствува како да е внатре во училницата, а тоа претставува поинакво искуство од она на Скајп или друга 2Д-технологија за телеконференција. Клучот за неговиот успех е и неговото „социјално присуство“, можноста да се биде во интеракција и дружење со другите.

Tags: технологија
Previous Post

Ана Голејшка: Гладни улици

Next Post

Дуети на славни татковци и ќерки

Next Post

Дуети на славни татковци и ќерки

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum