PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Познатото чувство од „Веќе никаде не се чувствувам како дома“

popup by popup
август 31, 2021
in Филм
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Овој 16-минутен краток документарен филм со наслов „Веќе никаде не се чувствувам како дома“ се обидува да направи интересна вивисекција на нејзиниот престој во родната земја. Вив се враќа да помине девет дена со нејзиното семејство во Пекинг. Така се отвора често поставуваното прашање во филмот, литературата и уметноста воопшто – прашањето за припадноста. А кога се поставува прашањето за припадноста, во одговорот често може да се најде отуѓеноста. Па така, брзо по доаѓањето дома, Вив Ли сфаќа дека е отпадник, аутсајдер, и дека нешто се изместило во неа, нешто што повеќе не се совпаѓа со просторот во кој осцилира нејзиното поранешно „дома“.

Сите средби со луѓето од поранешниот живот ѝ откриваат дел од сложувалката во која Вив Ли не се пронаоѓа повеќе. На нејзиниот вујко не може да му објасни што точно прави во животот, а средбата со поранешното момче само ќе ѝ го уништи денот бидејќи културолошкиот јаз меѓу нив станал речиси ненадминлив. Овој краток документарен филм сепак не пропаѓа во општата ентропија на отуѓеноста, напротив, умешно оди по рабовите на комичното и реалното, без намера да пропадне во замката на клишето. Проблемот со неприпаѓањето на луѓето што ги напуштаат своите земји е нешто што доаѓа до израз особено денес, во модерните времиња, кога за жал се соочуваме со големи миграциски движења, кои не се само поттикнати од економски причини, туку и од војни и тоталитарни режими.

Неможноста да се вклопиш во туѓо општество со оформени социјални обрасци, е Дамоклов меч што надвиснува над животите над многу генерации иселеници низ светот.

Филмот на Вив Ли ја отсликува и општата болка на помладите генерации (оние што се родени при крајот и почетокот на минатиот век), кои во меѓувреме остро раскинуваат со обрасците на традиционалното фамилијано живеење, нивните битки со депресијата и борбата за зачувувањето на менталното здравје во времето што носи нови предизвици. Освен географската оддалеченост, овој краток филм на маса го става и психолошкиот товар како поттекст на отуѓеноста во современото општество.

Вив Ли не ѝ се препушта на патетитката, туку прави објективна опсервација на своето постоење во два различни света. Таа пати кога не е во Пекинг, а веројатно уште повеќе пати кога оди таму. Тој двостран, амбивалентен однос кон огништето станува фокална точка во која се прекршуваат стариот и новиот идентитет на Ли. Најголемиот проблем се состои во тоа што ниту еден од тие идентитети не е потполн, а таа мора да се соочи со тоа.
Динамиката на видео-дневникот на Вив Ли е во голема мера диктиран од нејзината харизма, и иако таа не пропаѓа во амбисот на фамилијарниот круг, дава интересен увид во слоевите на отуѓеноста со која денес се соочуваат многумина.
„Веќе никаде не се чувствувам како дома“ ја доби наградата „Кокарче“ за најдобар студентски филм на овогодишното издание на фестивалот за документарни филмови „МакеДокс“.

Драган А.

Previous Post

МакеДокс 12: „Кромид“ за Хосрованис, специјално признание за Косаковски

Next Post

Започнува првото издание на Skopje Poetry Festival

Next Post

Започнува првото издание на Skopje Poetry Festival

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum