Дамјана вели: „Сите работи со коишто се занимавам еднаш ми биле хоби, имено јазиците, литературата и фотографијата, а сега ја имам таа среќа што можам со моите хобиња и да заработувам по нешто. Друго хоби, хмм, би рекла одењето во теретана, цртање и собирање цвеќиња и сушење на истите. Доколку би требала да се опишам со неколку збора, тоа би биле: амбициозна, тврдоглава, директна, отворена и секогаш подготвена за добра забава, но и за петок поминат дома во топол кревет.“
Место на кое би се преселила без да ми трепне око:
Виена, Виена, Виена! Заљубена сум во тој град. До сега сум бидена 4 пати и едвај чекам да одам пак. Има нешто различно, а сепак познато во тој мулти-култи град. Градбите се магични и секој сокак крие по некаква историја. Обожувам да посетувам музеи и токму Leopold Museum и Albertina (покрај Tate во Лондон) ми се омилени. Место коешто дефинитивно секогаш успева да ја разбуди мојата инспирација. Исто така имам многу убави спомени од времето кога бев на курс по германски таму. Запознав многу млади од целиот свет со кои и ден-денес сум се’ уште во контакт. Само да имам еден мал стан во Виена со убав поглед и ништо друго не барам!
Може ли да ја ѕирнеме твојата bucket листа? 😊
Лик од филм/серија со кого би можела да бидам цимерка:
Дефинитивно со Maeve од Sex Education.
Охрид го сакам затоа што:
Има преубава природа. Едно од најубавите чувства е кога на лето со кајче одиш сред езеро и остануваш таму цел ден. Невиден спокој! Исто така и фактот што за 5 минути можеш да стигниш од едно на друго место.
Фејсбук, Твитер, Инстаграм или ТикТок?
Би рекла Инстаграм, зашто го гледам како платформа каде што можам да ги споделувам не само моите фотографии, туку и поезија. А, за Тик Ток морам да признам дека ми е guilty pleasure.
Последна книга што ми оставила голем впечаток?
The Picture of Dorian Gray – Oscar Wilde
Места во Охрид на кои правам reset и recharge се…
Кога ми треба time out одам покрај езеро и седнувам на клупите. Најчесто тоа го правам во утринските часови кога нема многу луѓе и со мене земам книга за читање. Во тој момент сфаќам колку ми е преубав градот и колкава среќа сум имала што живеам во град со езеро и преубава природа.
Со Скопје ме врзува(ат)…
… моите другарки и другари кои заминаа да студираат таму. Исто така и оние коишто ги запознав преку Инстаграм или randomly во Охрид. Така што би рекла дека пријателството е она што ме врзува за Скопје.
Омилена сцена од филм:
Последната сцена од The Breakfast Club
Јадење што знам да го зготвам како врвен chef…
… помфрит од благ компир 🙂
Ако имам следен живот, во него сакам да…
… да бидам птица или мачка.
Кои три нешта би ги ставила во временска капсула?
Хм, тешко прашање. Најверојатно некаква амајлија, моја goofy слика и лист во боја со неколку реда поезија.
Kоја superpower би сакала да ја поседуваш?
Читање на мисли. На тој начин барем би знаела како да се поставам уште на самиот почеток со луѓето и не би морала да им давам втори шанси.
Најсреќна ме прави…
…патувањето. Не можам да го опишам чувството во мене кога запознавам нови култури, места и луѓе. Едноставно фактот дека постојат толку многу убави нешта во светот за коишто уште не знам или не сум ги видела ме полни со љубопитност и желба да ги видам. Исто така и пишувањето – едноставно додека пишам на лист ги оставам сите лоши и добри емоции и така си олеснувам себеси, доколку сум имала лош ден.
Неостварена желба ми е да одам на концерт на…
…Nirvana, но бидејќи тоа е нажалост неизводливо, би рекла J Cole, зашто артистите како The Neighbourhood и Kendrick Lamar веќе ги слушав во живо, но не би рекла „не“ ако би можела повторно да ги гледам во живо.
All time favorite цитат од книга или стих:
“Out of the ash/ I rise with my red hair/ And I eat men like air” – Lady Lazarus, Sylvia Plath
Во последно време на мојата плејлиста можеш да ги најдеш песните:
Cry Baby – The Neighbourhood
Blinding Lights – The Weeknd
That Golden Rule – Biffy Clyro
ELEMENT – Kendrick Lamar
Dumb – Nirvana
Bonus track од мене. Сакам сите што ме читаа на PopUp денеска да го слушнат ова парче: