Графички дизајнер на кого му се восхитувам…
Нашиот Зоран Кардула (@cardula), воедно и ментор на академијата за графички дизајн каде што сум. Најверојатно затоа што ја делиме истата пасија и опсесија со брутализмот, социјализмот и ретрофутуризмот. Секогаш знае да изненади. Останати графички дизајнери што би ги издвоил се Prateek Vatash (@vatash) претпознатлив по користењето на премногу бои и неон елементи, Jonathan Zawada (@zawhatthe), најголема причина е затоа што е графички дизајнер на еден од моите омилени артисти „Flume” и слично како Vatash, има голема доза на „истрипаност“ во нивните дизајни, што секогаш ме предизвикува да дејствувам или размислувам малку поинаку. Last but not least, Горан Костовски – Индог (@indog), пред сè, затоа што е супер пријател и учител не само за графичкиот дизајн, туку и за животот. Индог секогаш се издвојува со својата уникатност и слободата во дизајнот. И за крај, јас 🙂
Место на кое веднаш би се преселил без да ми трепне око:
Имам 4 на пик. Многу ќе звучи клише, и сигурно 80% од младинава ќе го изберат Берлин, но Берлин е единствениот град во којшто сум бил 6 дена, а сум се чувствувал како да сум таму 6 месеци. Самиот град има дух, харизма, слобода, енергија. Млади луѓе кои што се интересираат само за себеси, без многу да се замараат што мислат останатите, или тие од соседната маса или тие од другата страна на пешачкиот премин. СЛОБОДА. Уметност, музика, пиво, дружење, рекреација, паркови… Милина. А како втор избор, најверојатно би било Њујорк (кхм…), трет е сосема непознато место во Америка, Сан Франциско или Крајова (е ова е веќе поуникатно). Крајова е мало градче во Романија, во близина на бугарската граница. Таму живеев 7 месеци, работев како волонтер во градинка. Градот го имам посетено неколкупати откако се вратив во 2016 година, и секојпат ја имам истата возбуда кога пристигнувам на железничката станица и истата тага кога ја напуштам за дома. Тоа ми се тие 4 избори. Ќе додадам уште еден, Амстер…океј ќе престанам.
Може ли да ја ѕирнеме твојата bucket листа? 😊
Лик од книга или филм со кого би можел да бидам цимер:
Stewie Griffin
На Скопје му недостига…
ЉУБОВ, РАЗБИРАЊЕ, ЕДНАКВОСТ, MINDING YOUR OWN BUSINESS, опасни трачари сме. Имаме да кажеме сè за тој до нас, без да ја видиме и знаеме позадината. Без воопшто да се запознаеме со таа личност. Најтешко е да се сподели убав збор за некој; а најзастапено е озборувањето позади грб и bullying во секоја форма. Ова го имам кажано во едно претходно мое интервју, но секогаш користам вакви прилики да си се искажам, па here we go: Луѓе. Олабавете се малку. Краток е животот, исполнете си го со спокој, мир, задоволство, љубов и опкруженост со најдрагите личности. Направете нешто од себе, створете нешто. Take care of yourself and make sure everyone around you are okay. Do more of what makes you happy and BE KIND TO ONE ANOTHER. Немаме време за негативности, конфликти и напети ситуации. Релакс муцинја! <3
Места во Скопје на кои правам reset и recharge се…
Мојата соба и празен кафич, најчесто во Дебар Маало, со коузи атмосфера.
Kоја superpower би сакал да ја поседуваш?
Телепортација и бомбардирање со среќа, љубов и позитива!
Најсреќен ме прави…
Продуктивно поминато време, фамилија, постојано созревање и дознавање на нови работи, друштвото, добра атмосфера на искачанки, Шток, Годфадер и Златен Даб.
Препорачај ни серија/филм за гледање за време на празниците…
Искрено периодов немам баш време да одвојам за binge watching, но најчест избор ми се оние „лабавите“. Ќе кажам повеќе…. Пуста вага.. Серии: How to make it in America, Misfits, Sense 8, Dont trust the bitch in Apartment 23, 2 Broke girls, End of the fucking world, Family guy, South Park…
Филмови: Eurotrip, Oblivion, The Great Gatsby, Moonlight, сите делови на: Alien, Predator, и секако Home Alone и Harry Potter…
Во последно време на мојата плејлиста можеш да ги најдеш …
Музиката ми е еден од главните извори на инспирација, а артисти кои ги издвојувам се: The Blaze, Flume, 20syl, Lady Gaga, Jamie XX, Tame Impala, Roosevelt, Lana Del Rey, Robyn, The Weeknd, Röyksoop… Сè во кое што можам да најдам уникатност, заразни звукчиња и текстови, добри инспиративни спотови и целосен имиџ – затоа што тие работи ме водат, и ме тераат да размислувам поинаку во животот, не само во уметноста. Имам и посебна опсесија со ретро музиката од 80-тите и 90-тите и исто така користење на тие „synthwave и vaporwave“ елементи во денешната музика. Си сакам и техно.
Bonus track од мене. Сакам сите што ме читаа на PopUp денеска да го слушнат ова парче: