Место на кое би се преселил без да ми трепне око:
Сигурно би било во топол крај некое мало мирно гратче на море.
Може ли да ја ѕирнеме твојата bucket листа?
Омилено дело од странски или домашен графички дизајнер
Noma bar
Мое авторско дело на кое сум особено горд:
Celebrity со кого би можел да бидам цимер:
Will Smith
Фејсбук, Твитер, Инстаграм или ТикТок?
Инстаграм! Тука не морам да читам статуси на луѓе на кои не им е денот…
Последна книга што ми оставила голем впечаток?
The girl in the fog – Donato Carrisi
Места во Скопје на кои правам reset и recharge се…
Чаршија, има некоја посебна енергија и дух тој дел од градот.
Омилена сцена од филм:
имам две 😀
The Usual Suspects – Крајниот дијалог од филмот
Dr. No – James Bond кога се запознава сo Sylvia Trench
На Скопје му недостига:
На Скопје му недостигаат алтернативни места, му недостигаат културни настани за културно освестување, различни концепти за забава на луѓето. Сè повеќе станува монотон град каде што сите функционираат на ист начин. Креативноста ни е загушена и ограничена, а тоа ми смета многу.
Kоја superpower би сакал да ја поседуваш?
Па, реално тоа би било да можеш да пиеш и никогаш да немаш hangover. Се шегувам! Да можам да бидам на повеќе места во исто време, и така би правел повеќе работи одеднаш…
Најсреќен ме прави…
Уффф, мал милион работи. Кога сакам без причина, кога се среќни блиските околу мене, кога ми се исполнуваат некои цели во животот, кога успешно ќе ја завршам задачата на работа, кога го јадам омиленото благо, кога ги памтам и прераскажувам стоте ситуации со другарите на патувањата, кога ќе ми се погоди музиката на искачање…
Неостварена желба ми е да одам на концерт на…
The Rolling Stones
Во последно време на мојата плејлиста можеш да ги најдеш песните:
Sam Cooke – what a wonderful world
Toto – Rosanna
James Gang – Funk 49
Don Henley – The boys of summer
Bonus track од мене. Сакам сите што ме читаа на PopUp денеска да го слушнат ова парче:
Еве нешто од Охо продукција, се надевам ќе ви го развесели денот 😀