PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Пет места што треба да ги посетите пред да исчезнат

popup by popup
април 16, 2018
in Universes
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Се сеќавате ли на Азурниот прозорец на Малта? Пред една година беше најпосетуваната туристичка атракција на островот, но по едно невреме тој едноставно се урна и повеќе не постои.

Токму поради ваквите случаи, неодамна се појави терминот „doom tourism“, или тренд на патување на дестинации чие постоење е загрозено. Климатските промени нема да ги одминат дури и најпосетуваните места на планетава, па доколку сте љубители на патувањата, добро е навреме да ги спакувате куферите и да ги посетите овие дестинации:

Мртво Море

Оваа популарна дестинација се наоѓа на најниската точка на Земјата и претставува најсоленото водено тело во светот (со 33,7% соленост на водата). Но во последните 40 години неговиот воден обем се намалил за една третина. Наспроти тенденцијата на покачување на нивото на светските океани меѓу 10 и 15 cm годишно, Мртво Море се намалува за околу еден метар годишно. Се проценува дека по околу 50 години повеќе нема да можете да си ја направите препознатливата фотка со читање весник додека лебдите во водите на најсоленото езеро во светот.

Глечерите на планината Килиманџаро

Килиманџаро е највисоката планина во Африка, надалеку позната по својот прекрасен снежен врв. Но убавата снежна покривка на оваа планина забрзано се намалува. Како и многу други глечери низ светот, глечерите на оваа планина се доста засегнати од глобалното затоплување. Тажно е тоа што глечерите се намалиле за 82% од 1912 година до денеска. Научниците предвидуваат дека за 50 години целосно ќе ги снема. Освен на глобалното затоплување, ова се случува и како резултат на масовното сечење на шумите. Зимската опрема и правец – Килиманџаро! J

Малдиви

Оваа островска земја е една од топ-дестинациите за меден месец на тазе-венчаните. Особено воодушевува убавината на кристално сините води полни со разнобојни риби, белите песочни плажи и прекрасните колиби. Многумина не се свесни за фактот дека оваа група острови нема да биде уште долго време на Земјата. Всушност, Малдивите се најниската земја во светот и брзо пропаѓа во Индискиот Океан што ја опкружува. Научниците сметаат дека во следните сто години целосно ќе биде потопена.

Островот Комодо во Индонезија

Ако ги сакате водените спортови, тогаш мора да го посетите островот Комодо во Индонезија. Морето околу Комодо и неговите соседни острови е вистински рај за нуркање. Комодо има спектакуларен корален гребен и риби во секакви форми, големини и бои. Иако коралот сè уште стои неоштетен, експертите за животна средина предупредуваат дека зголемените воздушни температури можат да го убијат гребенот. Ова секако ќе доведе до неповратна загуба на природната убавина и разноликост.

Амазонската дождовна шума – Јужна Америка

Најголемата тропска дождовна шума на светот позната и како „белите дробови на Земјата“ зафаќа површина од неверојатни  5.500.000 км2. Дождовната шума е толку голема што речиси половина од неа му припаѓа на Бразил, а остатокот се протега во Боливија, Колумбија, Еквадор, Перу, Венецуела и Суринам. Речиси 20% од сите светски видови птици можат да се најдат во Амазон. Можете да замислите колку е голема! Верувале или не, оваа прекрасна дождовна шума може целосно да исчезне од лицето на Земјата во следните 50 години. Сечата, глобалното затоплување, ископувањето руда… сето тоа придонесува за нејзиното исчезнување.

Previous Post

Пикасо и Дора Маар: Цената на животот со еден гениј

Next Post

Режисериште#2 – Милош Форман: Ловецот на малите, неповторливи моменти

Next Post

Режисериште#2 - Милош Форман: Ловецот на малите, неповторливи моменти

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum