Заради сите пречки и затоа што сеното е набавено од Град Скопје, магаренцето годинава ќе се шета само по скопската околија. Годинава Патувачкото кино на МакеДокс ќе одржи проекции во:
08.10. Драчево (во паркот)
09.10. Радишани (ОУ „Ацо Шопов“)
10.10. Волково (СРЦ „Бранители“)
11.10. Горна Матка
12.10. Булачани (ОУ „Наум Охридски“)
Почеток на проекциите: 19 ч.
Магаренцето ќе биде натоварено со содржини за деца и за возрасни, а во новите дисаги се кријат и неколку работилници и еко-акции. Се гледаме на проекции под ѕвездите и ги каниме сите пријатели од Скопје и скопско, кои сакале да нè посетат минатите години, а локациите им биле далечни, да ни се придружат и да ја осетат сосема поинаквата магија на патувачкото кино на МакеДокс.
Протокол за публика:
– Задолжително носење на маска за секој посетител – влезот нема да биде дозволен без маски;
– Задолжителна дезинфекција на раце, на влез, за секој посетител;
– Задолжително мерење на температура на влез, за секој посетител.
Патувачкото кино на МакеДокс 2020 е поддржано од Град Скопје.