Сечиите симпатии Новиот Почеток во петокот го објавија нивниот нов албум „Endless Endeavors“.
„Години поминале, а тука сме – надвор на улица, во твојата близина!“
Се сеќавам на Новиот почеток уште од нивните почетоци во раните 2000ти. Всушност не се сеќавам ни дали отсекогаш се викаа Новиот почеток, ама се сеќавам дека отсекогаш гравитирале на независната музичка сцена и отсекогаш биле некоја верзија на нивниот препознатлив меланхоличен оптимизам, со здрава доза на бунтовност.
Нивниот најнов албум „Endless Endeavors“ е изработен во изминативе три години, а содржи и три песни создадени во периодот од 2012 до 2014 година. На нивниот Фејсбук профил тие напишаа дека тој е „сниман, продуциран и мастериран од Nenad Trifunovski – Tripe (кој го сними и нашиот прв албум во 2005 година!) и Филип Тасевски – Fitz aka Feetz (август 2021 – јули 2022). Тапаните се снимени во Кино Фросина, МКЦ, Скопје / сé останато во нашата пробувална во Макотекс. Cover art: Филип Тасевски – Fitz aka Feetz, cover илустрација: DALLE-2. Фотографија од бендот: Stefan Rajhl. Голема благодарност во ова издание би сакале да упатиме до Елена Пелјхан Iskra Tourbooking, Тодор Исаиловски, Борјан Сандревски и Марјан Јовановски. Благодариме исто така на нашите најблиски за нивната постојана поддршка. Сите права се задржани © 2022-2023 Noviot Pochetok / The Beginnings / Sixtynine Records.“
Мојата внатрешна тинејџерка возбудено ги слуша возејќи се во ЈСП накај школо, облечена во флуоресцентни бои и затрупана под шалови и накит, додека на слушалки тие пеат: „We’re grown ups now but we remember our endeavor!“
Клелија Живковиќ