Плажата Оревче е една од најактуелните и најактивни плажи на Охридското Езеро ова лето. Не станува збор само за нејзиниот изглед и местоположба туку и за програмата што Оревче ја нуди за сите љубители не електронската музика. Навистина разновидната и внимателно одбрана програма летово се истакнува со неколку гостувања, меѓу кои спаѓа и вечерта насловена како MUSE, конципирана од светски актуелните диџеи Lehar и Musumeci, а во реализација на веќе добропознатата платформа POPUP Music, која ќе се случи на 10 август, токму на Оревче.

Тргнувајќи од самото име на овој проект MUSE, и запрашувајќи се зошто токму за ова име се одлучиле артистите Lehar и Musumeci, тие на ова би одговориле дека името е во тесна поврзаност со самите музи од античкиот период, кои нели биле сметани за божици заштитнички на поезијата, уметноста и музиката, а воедно и инспирација на уметниците и на музичарите. Па така во контекст на оваа кратко мало историско потсетување и навраќање, Lehar и Musumeci сакаат да истакнат дека концептот и движечка сила на нивните журки се токму артисти и диџеи што ги инспирираат со нивниот поглед и визија кон електронската музика.Lehar како продуцент првпат го запознаваме во 2014 година, со неговото издание „Sargas“ на германската издавачка куќа„ Connaisseur“, што му овозможува за кратко време да се етаблира меѓу поактуелните нови продуценти со уникатен и препознатлив звук. Како пресвртна точка во неговата диџејска и продуцентска кариера е потпишување за издавачката куќа „Diynamic Music“, во која во моментов има неколку изданија на плоча како и албумот „Picture“. Покрај неговите активности како продуцент, Lehar е во постојано движење како составен дел од диџејскиот колектив на „Diynamic Music“, кој може да го видиме на сите светски актуелни фестивали и журки.

Musumeci претставува музички проект на сицилијанскиот артист и диџеј Mauro Di Martino, кој е активен на сцената од крајот на осумдесеттите и воедно е основач на дискографската куќа „Engrave LTD“, што му овозможува етаблирање на светската електронска музичка сцена. Тој е постојано активен како продуцент, со оглед на тоа што можеме да сретнеме негови изданија на издавачките куќи какви што се „Bedrock“, „Connaisseur“, „Compost Black Label“, „Diynamic Music“, „Endless“ и сл.
Sandrino е едната половина од актуелното продуцентско дуо Frankey & Sandrino и ќе има премиерен настап пред локалната публика. Почетоците на Sandrino како диџеј датираат уште од 2003 година, како резидент за германскиот клуб Butan, каде што го има делено пултот со сите светски познати диџеи, односно тука и за првпат го запознава својот музички партнер Frank „Frankey“ Beckers и ја започнуваат нивната колаборација. Како резултат на одличната соработка, тие имаат свои изданија на издавачките куќи какви што се „Innervisions“, „Moodmusic“, „Kompakt“, „Mule Musiq“, „Drumpoet Community“ и др.
Ison веќе ѝ е добро познат на локалната публика и е еден од главните виновници за фестивалот Reworks што се одржува во Грција во последните 14 години. Како составен дел од овој фестивал досега има покането повеќе од повеќе стотици светски познати артисти, продуценти и диџеи, кои оставаат посебен белег со своите настапи.
Тој на локалната електронска сцена претставува движечка фигура во електронската музика и е неуморен во презентирање и организирање настани што секогаш имаат тенденција да ги поместат музичките граници. Па така, во тој стил токму и неговите диџеј сетови и настапи се во тој правец, презентирање нова музика, артисти со кои успешно го контролира подиумот.
Како поддршка за овој настан со свои сетови ќе се претстават и Aldebaran и Dj Flooder.

