PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Негативи од фотографирањето на „Мајката мигрант“

popup by popup
мај 31, 2018
in Уметност
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Ова е една од најпознатите американски фотографии од времето на Големата депресија. Мајка загледана во неодредена точка, со рака загрижено потпрена на својата брада, со бебе во рацете и со уште две поголеми деца чии глави се закопани на нејзините рамена. Оваа фотографија е дело на Доротеа Ланг и била дел од иницијативата на американската управа за безбедност на фармерите, со која требало да се документираат животните битки на сиромашните американски фармери. Авторката ја нарекла оваа фотографија „Мајката мигрант“.

Фотографијата е направена во Нипомо, Калифорнија, откако посевите со грашок биле уништени од град, а берачите на грашок што живееле во камп-приколки останале без работа. Ланг ѝ се доближила на една од работничките и нејзините седум деца и ја прашала дали може да ги фотографира. Ланг регистрирала шест фотографии, од кои „Мајката мигрант“ ќе стане култна и една од најпознатите фотографии на минатиот век. Во тоа време, САД биле полни со такви семејства, принудени да ги напуштат своите домови и да кампуваат ширум земјата во потрага по сезонска работа. Нивната сиромаштија била огромна: тие немале апсолутно ништо! Жената од фотографијата била сама, без помош и заштита. Ретки се фотографиите што се толку добро врежани во колективната свест, како што е „Мајката мигрант“. Со децении никој не знаел што се случило со оваа жена и со нејзиното семејство. Но во 1978 година, еден репортер ја пронашол. Се викала Флоренс Овенс Томпсон. Ланг ѝ ветила дека нема да го објавува нејзиното име бидејќи сакала да ја поштеди неа и нејзиното семејство од срамот. Тогаш Флоренс ја раскажала приказната за фотографијата. За време на бербите на памук, таа ги ставала своите деца во торби и ги носела со себе додека работела. Заработувала 50 центи за собрани 45 килограми памук, а успевала да собере околу 200 килограми дневно. Таа рекла дека и самата тогаш не тежела 45 килограми. Еден ден, во 1936 година, додека возела од Лос Анџелес до Вотсонвил, нејзината кола се расипала, па свртела во кампот на берачите на грашок во Нипомо за да ја поправи. Тогаш се појавила Доротеа Ланг и отпрво Томпсон се противела таа и нејзиното семејство да бидат претставени како примероци за сиромаштија. Но, Ланг ја разубедила велејќи ѝ дека фотографијата ќе ја едуцира јавноста за маките и за напорната работа на сиромашните луѓе како неа. Неколку денови подоцна, фотографијата била објавена во весниците ширум земјата и станала класика во американската фотографија.

При изработката, фотографите што учествувале во оваа иницијатива добиле јасна насока да го потенцираат проблемот на сиромаштијата, но притоа да го избегнат мрачниот воајеризам. Негативите што не биле соодветни биле обележани со дупчалка која оставила црни дискови на секој од отфрлените фрејмови. Неодамна посетителите на лондонската галерија Вајтчапел имале можност да погледнат повеќе од 70 од овие одбиени слики. Вака испечатени од оштетените негативи 80 години по нивното фотографирање, овие слики станаа нов вид уметничко дело.

Tags: фотографија
Previous Post

„Скопје синема сити“: Приказна за музиката

Next Post

Изложба „Две од оние“ – Арт-акт-ум за моралот и предрасудитe

Next Post

Изложба „Две од оние“ – Арт-акт-ум за моралот и предрасудитe

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum