PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„Налепница“ – Моќта на информацијата [рецензијa]

popup by popup
јануари 9, 2020
in Филм
2
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Тој ентузијастично се упатува кон долгоочекуваната средба со својата ќерка на која ѝ носи подарок, но наидува на низа неочекувани перипетии, кои го попречуваат да пристигне до посакуваната дестинација… „Налепница“ е краткометражен игран филм на режисерот и сценарист Георги М. Унковски, кој прикажува како навидум мали бирократски проблеми експонираат и формираат слика за корумпирана, нефункционална држава и систем што директно влијае врз менталното здравје и постапките на сопствените граѓани. Иако филмот е жанровски означен како црна комедија, целосно отсуствува хуморот. Напротив, се чувствува мрачна тензија и станува збор за драма, а тоа го навестува и темата.

Сценариото го претставува протагонистот Дејан, со кого публиката мошне лесно остварува емотивна врска, т.е. буквално ги восприема неговите маки и фрустрации на своја кожа. Ликот на Дејан крие изнемоштено лице, кое жедно ита да покаже искрена љубов кон својата ќерка, а истовремено ги остава гледачите љубопитни за неговиот микросвет и животна историја. Актерот Сашко Коцев умешно го доловува Дејан, кој трага по формулата за добар родител, а во кој паралелно зоврива насобран бес. Режисерот имал привилегија да соработува со искусна, докажана и талентирана актерска екипа, па како главниот, така и споредните актери Симеон Мони Дамевски, Љупчо Тодоровски и Џевдет Јашари, одлично се вклопуваат во квалитетната актерска игра.

Од почетните кадри доминира впечаток дека продукцијата на „Синема Футура“ и кинематографијата на Наум Доксевски одлично си ја завршиле задачата и се вклопуваат во креативната визија на режисерот. Директорот на фотографија најчесто користи кратки, статични кадри, а се наѕира и уредната сценографија. Целиот концепт кулминира со фантастичната комбинација на филмското дејство и двете стари детски песни („Како ли јас да пораснам“ и „Марионка“) кои симболично го означуваат доближувањето на таткото до новата средба со ќерката, јадрото на емоцијата.

„Налепница“ е дел од новиот бран, креативни, а пред сè издржани македонски филмови, кои се обидуваат да се издвојат од толпата. Талентираното око на Георги М. Унковски се истакнува со внимателниот пристап, прецизните детали, умешноста полетно да ја поврзе публиката со главниот лик и убедливо највпечатливиот елемент, совршената комбинација со музиката што мудро пронаоѓа дел во сценариото. Единствената забелешка е фактот дека филмското дејство се издвојува како делумно предвидливо за македонската публика, која речиси секојдневно се соочува со слични фрустрации како главниот лик и факторот на изненадување не го постигнува посакуваниот ефект. Но, несомнено, „Налепница“ ќе остави посилен впечаток во интернационалната сфера, каде што публиката не е запознаена со неочекуваните бирократски заплети. Доследно, филмот наскоро ќе има премиера во САД и е во официјалната селекција на краткометражни филмови при фестивалот „Санденс“, каде што минатата година „Медена земја“ беше апсолутен победник.

Филип Мишов

Previous Post

City Agenda: Распоред на настани (8.1 – 15.1.’20)

Next Post

8. Роденден за отворање на сезоната во МКЦ

Next Post

8. Роденден за отворање на сезоната во МКЦ

Comments 2

  1. Пингување: „Налепница“ на Унковски триумфираше на Apulia Film Fest - PopUp
  2. Пингување: Продолжува ѕвездениот пат на краткиот филм „Налепница“ - PopUp

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum