Оваа статија е посветена на американската фотографка и активистка Лола Флеш, која се има особено истакнато по истрајната битка за опстанок и достоинство на квир-заедницата. Таа со децении создава неверојатни фотографии, вклучувајќи ја и серијата LEGENDS, со која се оддава почест на повозрасните квир луѓе и пионерите во заедницата.
Нејзината Сизигија, визионерската серија, започна минатото лето и ги реструктуира афрофутуристичките теми во контекст на масовните прогони и затворања. На меланхоличните остри фотографии е прикажана самата Флеш, во најразлични предели, во портокалов костум со шлем, понекогаш врзана со лисици.
Чудно е тоа што естетиката на сизигијата го предвидува бранот на присилна изолација што го наметна ковид-19. Автопортретите најпрво беа објавени на нејзиниот инстаграм-профил на почетокот на мај, а многу наскоро Флеш ги адаптираше со цел да се обрати и по повод пандемијата: таа седи сама во метро во истата униформа, што сега потсетува на заштитна опрема.
По речиси три децении поминати во креирање, Флеш дури сега ги собира заслугите: New York’s Pen and Brush Gallery, непрофитен простор што ги поддржува уметниците и писателките стар 150 години, беше местото на кое се случуваше нејзината ретроспективна изложба во 2018 година, а истата година беше застапена и во „Њујорк тајмс“.
Во 1992 година таа го направи проектот „K is for KKK“, кој зборува за расизмот во квир-заедницата. По тој повод, таа изјавува: „Ние како квир-заедница ќе бевме многу поздрави, ако белите квир-мажи што имаат платени работни места, сфатат дека се привилегирани и ќе направат нешто во врска со тоа“.
Флеш е дел од активистичките движења што организираат протести за правда и промена, иако забележува дека квир и транс жртвите на полициско насилство се често премолчувани. Претпазливо оптимистична околу можностите за правда и еднаквост, Лола Флеш продолжува да реди успеси во мејнстрим уметничкиот свет.