Предизвикот на Карел Кладек, фотограф од Монтреал, е да ја фати динамиката на ноќниот живот на фотографија. Под сигурноста на ноќта тој ги лови моментите кога влегуваме во друг свет, кога влегуваме во други улоги.
„Да се биде фотограф на ноќниот живот знае и да не биде толку романтично и слатко. Со години бев опседнат со културата на ноќниот живот, не само поради ликовите и развратот што ги нуди, туку и поради неговите скриени моменти. Точките во времето што се толку чисти, кога луѓето се најранливи. Тоа ме натера да ги фотографирам најискрените моменти од ноќта, моменти што не се сценирани и наместени. Романтиката почна често да се појавува во мојата уметност и одеднаш стана неизбежен дел од рутината на ноќно документирање. Оттогаш постојано бев во потрага по искрен флерт. Оваа серија фотографии иронично ја нареков: Доста веќе со „Те сакам“ (No More I Love Yous)
[URIS id=890]

