PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Големите градови на големото платно

popup by popup
септември 4, 2020
in Филм
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Њујорк во „Менхетн“ на Вуди Ален
Филмот почнува со монтажа од кадри од Менхетн и други делови на Њујорк, додека во заднина оди „Рапсодија во сино“ на Џорџ Гершвин, a Вуди Ален раскажува за љубовта кон градот. Прекрасната кинемaтографија на Гордон Вилис го прикажува Менхетн во раскошен монохроматски сјај и го претвора речиси во предмет на обожавање, бришејќи ги белезите на сиромаштија и на криминал. По завршувањето на филмот, Ален бил многу незадоволен и пратил барање до продукциската куќа да не го објавува филмот. Дури понудил да направи нов на сопствен трошок за да им надомести. Подоцна изјавил: „Си реков, ако во оваа фаза од мојот живот ова е најдоброто што можам да го направам, тогаш не би требало да ми даваат пари за да правам филмови.“

Париз во „Клео од 5 до 7“ на Агнес Варда
Иако повеќето критичари сметаат дека „Без здив“ на Годар е ремек-делото на францускиот нов бран, овој прекрасен филм на Агнес Варда го почнува трендот на разигран дијалог, чудна употреба на звукот и сликата, како и на долгите уметнички сцени од градскиот живот. Дејството е сместено во раните 60-ти години од минатиот век и го следи животот на главната хероина Клео, која е млада, надежна пејачка. Филмот опфаќа само два часа од нејзиниот живот, од продавница до стан, од долго возење низ градските улици до болницата, а потоа до паркот Монсури близу до Монпарнас. Во паркот таа запознава еден војник, кој ќе ја промени нејзината перспектива за животот.

Рим во „La Dolce Vita“ на Федерико Фелини
Овој филм добил одличен публицитет поради барањата на католичката црква да биде забранет. А исто така, бесплатен публицитет добил и тогаш модерниот и елитен Via Veneto. Неговиот безгрижен свет е средината од која антихеројот на Фелини, новинарот Марчело, заработува за живот. Via Veneto e работното место и на неговиот соработник, Папарацо. Неговото име засекогаш ги означи фотографите што ги сликаат славните личности кога тие се ранливи или премногу разоткриени. Via Veneto и понатаму останува една од најскапите улици во Рим, но повеќе не се смета за модерна, освен ако не го земете предвид мислењето на американските и на руските туристи.

Дакар во „Touki Bouki“ на Џибрил Диоп Мамбети
Овој филм на Мамбети на многу начини го преиспитува начинот на кој живееме во градовите, како ги искусуваме и како тие ни ги формираат идентитетите. Конвенционалните реалистички филмови ги поставуваат своите ликови на улиците, по плоштадите и отворените простори на градот, внатре во куќите и во становите, и ги покажуваат нивните рационални социјални животи. Мамбети се занимава со пар што живее во главниот град на Сенегал, а сонува да побегне во главниот град на Франција. Така се создава впечаток дека дејството колку што се одвива во Дакар, толку и во Париз, или во некој сосема трет имагинарен град.

Лондон во „Пеколен портокал“ на Кјубрик
Темзмид во југоисточен Лондон важи за една од најдобрите филмски локации во градот. Стенли Кубрик не морал многу да се мачи при изборот на футуристички дистописки локации во раните седумдесетти, а бруталистичкиот лондонски пејзаж и денеска не изгледа многу поразлично од сцените во „Пеколен портокал“. Тука сè уште можат да се посетат „Flat Block Marina“ како и Tavy Bridge Centre, односно станот на Малколм МекДауел.

Драган А

Previous Post

23-то издание на Скопје филм фестивал

Next Post

„Македокс насекаде“: Mакедокс продолжува онлајн

Next Post

„Македокс насекаде“: Mакедокс продолжува онлајн

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum