PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Дали паметните телефони нè претвораат во несреќни луѓе?

popup by popup
април 18, 2018
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Во последниве години истражувачите го следат подемот на новата генерација, т.н iGen генерација, која порасна со паметните телефони и со другите дигитални медиумски форми. Паметните телефони, социјалните медиуми, дигиталните направи и Интернетот целосно го трансформираа начинот на кој стапуваме во меѓусебни односи на општествен план.

Особено за младите луѓе, времето поминато онлајн практично претставува начин на живот, и не случајно тоа го обликува нивниот светоглед и поврзувањето со другите луѓе. Не само што се добро поврзани меѓу себе, туку имаат далеку поголем пристап до информации од која било претходна генерација. Оваа голема културолошка промена допрва ќе се развива. Прашањето што се поставува е дали нивната психолошка благосостојба е поголема? Психолошката благосостојба најчесто се мери преку тоа колку луѓето се задоволни со своите животи, како и преку квалитетот на врските што ги негуваат со своите пријатели и со семејството.

Професорски тим од Универзитетот во Сан Диего спровел едно истражување што се фокусира на промените во психолошката благосостојба поврзани со економската криза од 2007 до 2009 година, како и со користењето на паметните телефони во текот на последниве 12 години. Сите претходни истражувања покажале дека психолошката благосостојба кај адолесцентите се зголемила во последните четири децении од изминатиот век, а последната студија открива дека овој тренд се намалил како последица на влијанието на паметните телефони и други дигитални медиуми. Ако се погледнат податоците од истражувањата од 1991 до денес, нивоата на психолошката благосостојба кај адолесцентите или останала иста, или се зголемила во периодот од 1991 до 2011 година. На почетокот на 2012 (која е земена како година во која паметните телефони веќе се влезени во широка употреба), има значителен пад во поглед на задоволството од животот, вклучувајќи ги и задоволството од пријателите, личната безбедност, родителите… Личната среќа и самодоверба исто така бележат значителен пад.

Во вториот дел од студијата, тимот ги побарал и причините за овој пад. Резултатите покажале дека адолесцентите што поминуваат повеќе време со електронски направи и медиуми, генерално биле понесреќни, понезадоволни со своите животи и имале помала самодоверба. Од друга страна, адолесцентите што поминувале повеќе време занимавајќи се со спорт, вежбање и читајќи печатени медиуми, имале високо ниво на психолошка благосостојба. И покрај ваквите резултати, мора да се спомнат и ограничувачките фактори на оваа студија. Иако се чини дека главниот виновник за падот на психолошката благосостојба се електронските комуникации, има и други фактори што не биле директно испитани од истражувачите. Такви фактори се падот на непосредната „лице-в-лице“ социјална интеракција помеѓу адолесцентите, проблемите со спиењето поради претераното користење на паметните телефони и потенцијалната зависност од социјалните медиуми.

Што може да се научи од овие резултати? Иако повеќето родители сметаат дека наједноставното решение е да им го забранат користењето на дигиталните медиуми на нивните деца, тоа секако не е и најправилно. Истражувачите дошле до заклучок дека посреќни адолесценти се оние што поминуваат неколку часови неделно онлајн, многу повеќе отколку оние што не поминувале воопшто. Според тоа, најдобрата стратегија да се избегнат проблеми со менталното здравје е на адолесцентите да им се ограничи времето поминато онлајн за сметка на времето и енергијата посветени на меѓусебна лична комуникација. Токму пронаоѓањето правилен баланс меѓу времето поминато онлајн и она поминато во вистинскиот свет, ќе биде голем предизвик за децениите што доаѓаат.

Tags: психологијатехнологија
Previous Post

Македонски и странски активисти-херои

Next Post

Најлудите филмски преобразби на Џони Деп

Next Post

Најлудите филмски преобразби на Џони Деп

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum