PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Бранкица Јордановска: Илустрациите како интимна игра на отворена сцена

popup by popup
декември 7, 2018
in Уметност
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Илустрациите на Бранкица Јордановска го отвораат порталот кон имагинарниот свет на театарот и циркуската игривост, покажувајќи ја моќта на маската да се соедини со својот носител и да создаде нов, препознатлив лик кој долго ќе ви се провлекува во стварноста. Она што сцената ѝ го дава како на гледач, Бранкица умее да го впие во својата уметност и да ѝ го врати назад, со тоа станувајќи обликувач на сценската игра. За својата работа, таа вели:

„За мене илустрацијата е начин на изразување и раскажување на една лична приказна. Во речиси секое дело настојувам да преплетам една своја интимна игра со процесот на креирање, а воедно да ги искажам своите визии на еден посебен медиум како илустрацијата. Навикнати сме да ги изразуваме своите мисли со зборови и реченици, меѓутоа сликата претставува еден поразличен израз во кој истите симултано се преведуваат во линии и бои и добиваат еден сосема поинаков тон. Инспирацијата најчесто ја црпам од циркусот, театарот, маските и костимот кои ги сметам за еднакво сродни со ликовната уметност. Работејќи во секторот на костимографијата и сценографијата, за мене е сосема нормално да позајмувам и си поигрувам со мотиви од таа околина, а она што најмногу ме привлекува се изопаченоста и несекојдневноста на маската и костимот. Оттаму, моите илустрации ја носат истата тенденција да ја пренесат атмосферата, бојата и емоцијата на отворената сцена и нејзината исклучителна природа.“










 

Previous Post

Македонски дизајнери на накит изложуваат во Виена

Next Post

Пауза за реалистичност со претставата „Фестен“

Next Post

Пауза за реалистичност со претставата „Фестен“

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum