Repetitor од Белград со сигурност се еден од највозбудливите бендови на денешницата во светски рамки. Тоа се докажува и со фактот дека добиваат покани за настап на реномирани светски фестивали, турнеи низ Кина, Русија и други „егзотични“ делови од светот, а последна потврда за квалитетот на групата е и поканата од Arcade Fire да бидат нивни гости на распродадените концерти во Прага, Будимпешта и Букурешт. Repetitor е формиран во 2005 година во Белград, Србија. Милена Милутиновиќ (бас и глас) и Борис Власетелица (гитара и глас), извесно време свиреле и биле во потрага по тапанар, па тогаш им се приклучува Ана-Марија Чупин и веќе во почетокот на 2006 бендот настапува во живо. Се редат концерти низ цела Србија, а интересно е дека првиот нивен настап надвор од границите на Србија се случува токму во Скопје, поточно во МКЦ, во ноември 2006 година. Во 2007 бендот освојува прво место на Арт & Музика фестивалот во Пула. Во 2008 година го издаваат и деби албумот „Sve što vidim je prvi put“ (Одличан хрчак). Следуваат „Dobrodošli na okean“ во 2012 и албумот „Gde ćeš“ во 2016.
Направивме ред муабет со Борис од Repetitor по повод нивниот концерт на „Здраво млади“, на 1 септември во МКЦ: