PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Зошто Исланѓаните се толку креативни?

popup by popup
април 25, 2018
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Исланд дал голем број иновативни современи артисти, меѓу кои и Бјорк, Рагнар Кјартансон, Катрин Сигурдардотир и Олафур Елиасон, познати по својот уникатен и интердисциплинарен пристап кон уметноста. Земјата со популација од 330.000 е дом на прогресивна средина на дизајнери, писатели и музичари.

Исланд спаѓа меѓу најиновативните земји во светот. Еден од четворица Исланѓани работи во креативниот сектор, еден од десет Исланѓани има издадено книга. Малата држава има 7.000 креативни компании, а бројот на работни позиции во креативниот сектор постојано расте и покрај големата економска криза од 2008 година. Иако повеќето мислат дека ова се должи на изолираноста на земјата, нејзината оддалеченост од континентот и прекрасната природа, една нова студија објавена во „Gifted and Talented International Journal“ востанови дека уште неколку значајни фактори придонесуваат за креативноста и иновативноста на Исланѓаните.

 

Како настанала студијата?

Во 2011 година, Барбара А. Кер, професорка и психолог од Универзитетот на Канзас, и нејзината ќерка, студентка по уметност, поминале еден викенд во Рејкјавик. Воодушевена од креативната заедница во градот, ќерката на Кер се преселила таму две години подоцна и си пронашла свој круг креативни истомисленици, нешто што било невозможно на матичниот американски универзитет. Така Кер се заинтересирала за исландската креативна заедница, започнала универзитетски семинар за докторските и мастер студии, и го однела својот тим во Исланд.

Водена од прашањето „Зошто Исланд е толку креативен“, Кер и нејзините осуммина студенти ги истражувале луѓето, местата, процесите и продуктите што би можеле да придонесат за исландската иновација, со посебен фокус на уметноста и музиката. Тие собрале податоци за повеќе варијабли: способноста и личноста на поединците што живеат во Исланд, природната и архитектонската средина, социјалната, семејната, образовната и културната динамика, како и владините и економските политики.

Кер и тимот интервјуирале 15 поединци како претставници на уметниците, музичарите и писателите што работат во Исланд. Интервјуата биле придружени со многубројни пофокусирани и спонтани разговори низ Рејкјавик и други места на островот, на разни локални настани, во книжарници, музеи… На пример, обични разговори со жители во клуб за ноќниот живот и врските меѓу луѓето.

Инспирација од заедницата и од културата

Кер и тимот поставија теорија дека креативноста на Исланѓаните е резултат на индивидуални, социјални, образовни и културни атрибути. Иако тие не поседуваат некои посебни лични карактеристики или способности, студијата заклучила дека Исланѓаните многу често покажуваат ставови на независност и толеранција, кои им отвораат нови искуства, нешто што е силно поврзано со креативноста. Што се однесува до средината, Исланѓаните ја отфрлиле идејата дека убавината на островските предели претставува извор за креативната инспирација. Кер вели дека тие биле доста скептични кон оваа претпоставка, често велејќи: „Инспирацијата доаѓа од заедницата и од културата, не од природната средина“, или: „Така мислите поради државните реклами, на политичарите им дошла таква идеја за да привлечат туристи“. Тимот истражувачи открил дека урбаниот и општествениот контекст се многу поважни за креативноста.

Бракот не е приоритет

Кер забележала дека најголемите разлики меѓу Исланѓаните и луѓето од САД и од европските држави се наоѓаат во „екстремните разлики во семејството и во семејниот живот.“ Тие откриле дека постои неверојатна рамноправност во односите меѓу паровите, а креативноста на жените особено се поттикнува и се охрабрува. Бракот не им е приоритет (само 30 проценти од Исланѓаните се во брак). Приоритет им се семејниот живот и грижата за децата.

Иновативно образование во училиштето

Децата имаат простор за игра и за истражување, и на училиште и дома, а тоа им ја стимулира имагинацијата и креативниот процес. Во училиштата, кои се бесплатни и јавни, тестирањата немаат централно значење, а учениците стекнуваат знаење преку практично учење и слободна игра. Во текот на изминатите две децении, доминантна наставна програма е т.н. „иновативно образование“, кое потекнува од Исланд, а делумно се применува во Скандинавија и во Велика Британија. На учениците им се дава можност да ја применат својата креативност во секојдневниот живот, а учителите се првенствено олеснувачи на процесот, а потоа предавачи. Тие ги поддржуваат своите ученици во создавањето квалитетни нови идеи преку нивната работа.

Фокус на занаети и рачна работа

Кер исто забележала дека особено внимание им се посветува на разните занаети и на рачните изработки. Таа вели дека секој маж од Исланд знае да плете, а секоја жена знае да користи алат, што е особено важно за развојот на креативноста и независноста. И државните институции исто играат важна улога, бидејќи според истражувачите, постои политика што го охрабрува развојот на креативни производи, како, на пример, уметнички комисии за улични артисти.

Отворен простор за соработка

Кер потенцира дека за развојот на креативноста придонесува и општеството кое нема силна хиерархија, во смисла на тоа дека креативците слободно комуницираат со водечки артисти, државни службеници или со бизнисмени за да дискутираат за проекти и за соработки. Таа вели: „Ако имаш рок-бенд, можеш лесно да дојдеш до оценка за својата работа. Треба само да се јавиш и да закажеш свирка, и тие ќе дојдат.“

Училиштата и социјалната сигурност – клуч на креативноста

Најдобрите сознанија до кои дошла студијата се однесуваат на образовните можности со кои се негува креативноста меѓу децата и тинејџерите. Училиштата во Исланд се клучот на креативната заедница, не само поради тоа што го обезбедуваат потребниот простор за креативност, туку и поради тоа што го применуваат револуционерниот пристап на училишна настава „иновативно образование“.

Истражувањето понатаму заклучува дека треба да се нагласи и големиот степен на социјална сигурност што ја уживаат жителите на Исланд. Ова го заокружуваат цитирајќи еден имигрант што живее на островот: „Никогаш немојте да се сомневате што може да направи сознанието дека секогаш ќе имате храна, дом, згрижени деца и образование, за вашата креативност.“

Previous Post

Француска шансона: Chantez-vous français?

Next Post

Како се рециклираат луѓе

Next Post

Како се рециклираат луѓе

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum