Се смета дека високата уметничка форма на уличната фотографија се состои од еден вид воаjeризам којшто ни дозволува да погледнеме во најинтимните делови од нечиј живот, без притоа да бидеме забележани, сепак оставајќи трага. Џеф Мермелстајн е њујоршки фотограф кој преку својата колекција фотографии направени од дисплеите на луѓето од метрото во Њујорк, ни дава можност да ѕирнеме во затскриениот простор од интимата на модерниот човек.






Доколку не ви е јасно за каков фотограф станува збор, погледнете дел од неговите фотографии од улиците низ Њујорк.






