Лошото време што му се закануваше на Скопје во петокот, не ги предомисли фановите на Tom Trago во намерата да го окупираат подиумот и да се журкаат на неговиот сет. „Епицентар“ до раните утрински часови пулсираше во ритамот на хитот „Use me again“ и уште многу други негови препознатливи траки.
Едно е сигурно, холандскиот диџеј на своите македонски фанови им ја донесе атмосферата од светските клубови, ставајќи ни до знаење на сите нас дека Скопје е жедно за квалитетна музика и добра забава.




























