PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Совршени само на Инстаграм

popup by popup
октомври 10, 2018
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

„Колку филтри ставаш, па ти и Вардар можеш тиркизен да го направиш“, е реплика што може да ве подзастане, насмее и да ве замисли истовремено. Живееме во време на потрага по хиперперфекција, во една самонаметната визуелна култура што се храни на уредни и подредени маси, консумира стилски дизајнирани оброци и упорно се труди да ги израмни брчките, да ги подигне подбрадоците и да ги вовлече стомачињата на таа сурова, нефилтрирана реалност. Па имаме: Инстаграм како арена за патувачки сензации и неверојатни пози (Би-би-си објави бројка од 259 жртви на опасни селфиња низ светот), Инстаграм како телесна самореклама и алатка за подигнување на популарноста, Инстаграм како накитен послужавник преполн со кулинарски chefs-d’oeuvre, Инстаграм како дејтинг апликација што е директен резултат на претходните неколку наброени ставки, а во последно време тука е Инстаграм како богат извор за модни промашувања употребувани за телевизиски емисии. Ако на сето тоа ја додадеме и појавата на „финста“ – лажните инстаграм-профили создадени со цел да бидат комплетна спротивност на „ринста“ (вистинските, официјални), сфаќате дека ситуацијата со социјалните мрежи има мнооогу слоеви. За да ја доловам замрсеноста, тинејџерите покрај своите сјајни „ринста“ – реални инстаграм профили што зрачат со совршена складност и илјадници лајкови, паралелно креираат и финста (finsta – fake instagram), кои служат за поограничен број следбеници и на нив ставаат реални, нефилтрирани, што би се рекло raw слики. Значи, long story short, реалниот профил е за фејк слики и голем број следбеници, фејк профилот е за реални слики и ограничен круг следбеници. Комплицирано, нели? 🙂

Но, да се вратиме назад на поентата. Фактот што стои пред нас е дека првата генерација корисници на социјалните мрежи полека созрева и наскоро ќе треба да се вклопи како функционален чинител во заедницата. Каков светоглед гради таа и генерациите што доаѓаат по неа? Ваквата раслоена реалност, буквално земена и соџвакана од виртуелниот простор, веќе станува предмет на опсежни анализи и истражувања поврзани со менталното здравје и масивниот културолошки шифт што го предизвикаа социјалните мрежи. Така, воопшто не треба да бидеме изненадени од истражувањата што го поврзуваат Инстаграм со анксиозноста, депресијата, булингот и FOMO (fear of missing out – стравот дека нешто пропушташ) кај младите личности. Минатогодишното истражување #StatusOfMind спроведено во Британија, го прогласи Инстаграм за најризична мрежа по менталното здравје поради неговата фокусираност на визуелното и предизвикувањето чувства на неприпадност и анксиозност кај младите луѓе. Како проблеми се јавуваат и создавањето нереални животни очекувања и очајот од споредувањето со животите на другите (често и сосема непознати) луѓе. Инстаграм се покажа и како генијален во создавањето краткорочни задоволства на исполнетост по постирањето, кои за брзо време се претвораат во психолошки бумеранг што со сета сила ви се враќа во форма на: трескавична потрага по нова атракција за сликање, нов ресторан и ново јадење за пробување, нова облека за да не се забележи дека веќе имате слика во старата, кул поза за да се види дека добро се забавувате… Вистински вртлог и замор…

Стручњаците на полето на менталното здравје упатуваат апел до социјалните мрежи да воведат предупредувања за прекумерна употреба, да ги потенцираат фотоманипулациите што не се соодветни со реалноста и да ги препознаваат корисниците што се соочуваат со предизвици по менталното здравје (последново е навистина лизгав терен). Никој не ни помислува да ја ограничи употребата на Инстаграм бидејќи се смета дека тоа е сосема контрапродуктивно. Вистината е дека во поголемиот број случаи, Инстаграм-проекцијата што ја создаваме за себе не може „да ѝ возврати љубов“ на стварната слика, бидејќи во целост е одвоена од неа, по примерот на легендата за Нарцис, кој под казна е осуден цела вечност да зјапа и да се вљубува во својот одраз во водата. А одразот во Инстаграм е моделирана фикција, игра на светлината и на боите. Ако се заљубите во него, ќе ви требаат тони време и енергија постојано да ги местите светлата и сенките за да го ре-креирате одново и одново.

Previous Post

Душан Весиќ: „ЕКВ“ е бенд на многу млади генерации

Next Post

37. Скопски џез фестивал: Време е за џез!

Next Post

37. Скопски џез фестивал: Време е за џез!

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum