Од раните почетоци на скејтбордингот како спорт во седумдесеттите, тој претставува синоним за слободата на изразување и креативноста што ги поместува границите на секоја нова генерација скејтери. Скејтбордингот многу брзо стана дел од мејнстрим поп културата, вршејќи влијание врз музиката, уметноста и модата. Изложбата „Скејтерската култура и фотоапаратот/камерата“ ги прикажува културните влијанија на овој спорт преку преиспитување на работата на фотографите и филмските работници коишто ги дефинирале различните генерации скејтери – од познатиот Спајк Џоунс познат по документирањето на скејтерите, до актерот Џејсон Ли којшто пред лансирањето на холивудската кариера бил професионален скејтер. Во фокусот на изложбата е навраќањето на фотографите и филмските работници кои одиграле витална улога регистрирајќи го животот на скејтерите низ децениите.
Кураторот на оваа изложба Џејми Мери Дејвис вели:
„Му се воодушевувам на скејтбордингот и пронаоѓам нешто уметничко во неговата суштина. Секој скејтер има своја мрачна страна, но како целина тие се водат од својот начин на живот и заеднички направија цела индустрија за да го одржат она кон кое чувствуваат толкава страст и љубов.“










