Веќе извесно време размислуваме како да ве подготвиме за долгите топли денови што следат. Замислете го „тешкиот поход“ по вжарениот скопски бетон кој е веќе почнат. Замисливте? Ќе ви треба освежување, да 🙂 Главното прашање тие денови ќе биде: Што ќе пиеме? За почеток, им даваме шанса на коктелите!
Maj по скопските улици е период кога јапонските цреши се веќе одминати, а на мирисот на липите сè уште се чека. Раздвижено, живо, пријатно, преполно… И да, мaj e одлично интермецо за пиење коктели по локалите во кои најдобрите коктел-мајстори во градот ги мешаат задоволството и страста.
[URIS id=1026]
И оваа година, шејкерите повторно ќе „заиграат“ во рацете на искусните бармени за новото издание на Skopje Cocktail Week, настан којшто организаторите го замислија како платформа за едукација на фелата што нуди нови искуства за гостите. Интересно е тоа што оваа година во рамките на Skopje Cocktail Week се одржува и едукација за улогата на социјалните медиуми при промовирање на содржините на еден бар и улогата на квалитетно направеното мени.
И веднаш штом ги пуштите сламките и чадорчињата, PopUp ќе ве чека со предлози за најдобрите места каде што можете да го пиете пијалокот што ја гасне жедта на летото во најава – His Royal Highness – пивото 🙂

